ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Тренчевска: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

October 18, 2022 16:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во утринската емисија на Македонската Телевизија, зборуваше за новиот пакет антикризни мерки креирани од Владата на Република Северна Македонија, кои имаат за цел поддршка на компаниите и ранливите категории на граѓани во пресрет на зимата.

Министерката се осврна на мерките кои се наменети за социјално ранливите категории на граѓани, целната група која е опфатена, начинот на исплата и времетраењето на финансиската поддршка.

„Новиот пакет антикризни мерки вреден над 350 милиони евра вклучува финансиска поддршка за социјално ранливи категории граѓани. Предлог законот за финансиска поддршка е усвоен од Владата и влезе во собраниска процедура. Верувам дека ќе биде поддржан од сите пратеници, со оглед дека се работи за најранливата категорија на граѓани во државата,“ истакна Тренчевска.

Министерката информираше за целните групи кои согласно Предлог законот за финансиска поддршка ќе добијат помош.

Вклучени се примателите на правото на социјална сигурност, корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари, корисници на право на надоместок за  телесно оштетување и невработени лица-корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок.

Министерката информираше дека со финансиската поддршка опфатени се над 170.000 граѓани. Исплатата на средствата ќе се врши до 5ти во месецот, почнувајќи од ноември, па наредните 4 месеци. Исплатата на финансиската поддршка  за корисниците, ќе се врши без поднесување на барање од нивна страна, врз основа на списоци на корисници на финансиска поддршка, изготвен врз основа на податоците од евиденциите на институциите. На веб страната на Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ќе се објавуваат списоците на корисниците на финансиската поддршка, а секој оној кој нема да се најде на списокот , а смета дека треба да биде корисник, може да достави приговор, за што ќе биде формирана Комисија која ќе одлучува по приговори.

„Како Влада и ресорно министерство ја следиме состојбата во државата, се прават анализи, доколку се утврди потреба од нов пакет мерки и потребата од поддршка на одредена целна група која сеуште е ранлива, ќе донесеме дополнителни мерки, рече Тренчевска.

Министерката зборуваше и за највозрасната категорија на граѓани, пензионерите, кои согласно новата методологија за усогласување на пензиите, добија зголемени пензии за 6.8%, а со јануарското усогласување од 2.9% оваа година имаат за 9.7% повисоки пензии. Во месец март следува уште едно усогласување. Пензионерите со пензии до 14.000 денари се вклучени и во мерките за финансиска поддршка.

Министерката истакна дека пензискиот систем е стабилен и пензиите ќе продолжат да се исплаќаат редовно и предвреме како и досега.

 

Next Post

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk