ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕСМ го зголеми производството, струја обезбеди за дел од домашното стопанство

October 18, 2022 16:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија, со што, како што соопшти, целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети.

Од ЕСМ истакнуваат дека го зголемиле производството, како и дека обезбедиле струја за дел од домашното стопанство. Прецизираат дека во термоелектраните РЕК Битола, РЕК Осломеј и ТЕЦ Неготино произведени се 12.253 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 407 MWh.  

Согласно со договорот што го склучи ЕСМ Продажба на 12 октомври за продажба на 1.200 MWh вишоци на електрична енергија за периодот  од 13 до 18 октомври  со Дуферко МК, утрово се продадени последните 200 MWh. Станува збор за електрична енергија произведена во период од 2 до 6 часот за која Дуферко МК во конкуренција на уште две други компании (ЕТМТ и ДАНСКЕ) понуди цена од 135,7 евра од мегаватчас, информира ЕСМ и споделува дека податоците се преземени од Диспечерски извештај за 17 октомври.

ЕСМ, како што информираа вчера владини извори, во моментов ги има вклучени сите капацитети кои му се на располагање, освен Блок 3 за кој на 21 октомври треба да биде испорачан трансформаторот од Турција и да пристигне во Битола на 26 октомври. Надлежните тврдат дека државава има и доволно количини на јаглен, а во случај ништо да не функционира во рудниците за јаглен и да нема испорака, би имале јаглен за 20 до 30 дена.

Дневната потрошувачка во РЕК Битола е 12-13 илјади тони јаглен,  а дневната потршувачка во Осломеј е околу три илјади тони. Дневно ископот во РЕК Битола во овој период е 20 илјади тони, а дополнително околу 2.800 тони дневно има достава на јаглен од Грција и од Албанија. Доколку се случи некоја катаклизма, ништо да не функционира, тогаш може да работиме 20-30 дена без ниту еден грам јаглен, брифираа вчера од Владата.

Остануваат отворени и разговорите за набавка на електрична енергија за стопанството со цел да се обезбеди струја по прифатлива цена за бизнис секторот и да се одржи економијата во кондиција. Од бугарска страна има добра волја да се помогне во овој дел, но засега не може ништо да се стори затоа што бугарското законодавство ги обврзува вишоците на електрична енергија да ги продаваат по берзански цени. Отворени се и разговорите со Турција, но во овој случај прекуграничниот транспорт е прилично скап.

Next Post
Фото: Огнен Бошњаковски/Фронтлајн

Владата демантира: Немаме долг кон ЈСП

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk