ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Поддршка од Чешка за забрзан процес на интеграциите за полноправно членство во ЕУ

October 24, 2022 14:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска, денеска се сретна со Маркета Пекарова Адамова, претседателка на Домот на пратениците на Парламентот на Чешката Република.

На состанокот е истакната блиската и пријателска соработка помеѓу Северна Македонија и Чешката Република, веќе 28 години до денес, со заедничка определба за натамошно унапредување.

Пренесен е ставот дека Чешката Република и Северна Македонија се активни НАТО партнери, како држави членки на Алијансата и е изразена надеж дека таа соработка ќе продолжи и како земји членки на Европската Унија. Во таа насока е изразена силна поддршка за натамошната интеграција на Република Северна Македонија во Унијата, со честитки за напредокот и отворените преговори со ЕУ, во јули годинава, се наведува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавност.

Заеднички било оценето дека е потребно одговорно однесување од сите институции, како од Владата, така и од Парламентот, со цел Северна Македонија да го продолжи отворениот европски пат.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за поддршката од Чешката Република, како еден од најотворените и најгласните поддржувачи на евроинтеграциите на нашата држава.

Донесовме одлуки за добра иднина на нашата држава и на граѓаните. Владата, во оваа економска и енергетска криза прави чекори во интерес на граѓаните и посветени сме кон брза интеграција во Европската Унија. Сега сме фокусирани на скрининг процесот со ЕУ, којшто верувам дека ќе заврши успешно, по што сите политички субјекти и институции ќе треба да го преземат својот дел од одговорноста, за да се осигура европската иднина на Република Северна Македонија, рекол премиерот Ковачевски.

На состанокот било посочено дека се цени поставеноста на надворешната политика на Северна Македонија, целосно на линија на Европската Унија, во однос на војната во Украина.

Како што стои во соопштението, било заклучено дека Европа е целосна заедно со државите од Западен Балкан, за постигнување одржлива стабилност и безбедност.

Во однос на ситуацијата во Украина, заеднички е констатирано дека застанувањето на страната на Украина е застанување на страната на демократијата и мирот во Европа и во светот и дека е неопходна солидарност помеѓу државите на европскиот континент, како во врска со ова прашање, така и во поглед на справувањето со последиците од војната, односно предизвиците на енергетски и економски план.

На средбата, министерката Петровска нагласила дека е одлична соработката помеѓу Северна Македонија и Чешката Република во областа на одбраната, а заедно со претседателот на Владата, Ковачевски ја истакнаа важноста и од заедништвото помеѓу НАТО членките во поглед на ситуацијата во Украина и надминувањето на безбедносните предизвици на глобален план.

Next Post

Војната во Украина и пенетрацијата на Кина во регионот ги враќаат САД на Западен Балкан

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk