ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Меѓусебното признавање на дипломите во Западен Балкан ја поттикнува академската мобилност

Договор го уредува меѓусебното признавање на високообразовните квалификации стекнати во јавни акредитирани високообразовни институции, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од шесте држави потписнички.

October 26, 2022 16:42
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дипломите издадени во една од шесте земји од регионот: Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, од надлежна високообразовна институција, ќе се признаваат во сите други, предвидува Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан.

Со потпишувањето на Договорот на претстојниот Самит на Берлински процес во Берлин, Германија, се промовира академска мобилност и соработка, високото образование се препознава како јавно добро и јавна одговорност и се подига поддршката и заштитата на академската слобода и автономијата на високообразовните институции.

„Креирањето политики на регионална интеграција во сферата на високото образование е голем успех за сите шест држави. Развивањето  соработка помеѓу високообразовните и истражувачките институции во Западен Балкан овозможува и развојот на знаењето преку мобилност на студентите, професорите, истражувачите и стручните лица, создавајќи основи за побрз развој на регионот“, оцени министерот за образование и наука Јетон Шаќири, по седницата на Владата на која беше разгледана и усвоена Информацијата за склучување на Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан и беше прифатен усогласениот текст на Договорот.

Договор го уредува меѓусебното признавање на високообразовните квалификации стекнати во јавни акредитирани високообразовни институции, продолжувањето на студиите и пристапот до нерегулираниот пазар на труд во секоја од шесте држави потписнички.

Предвидена е максимална соработка меѓу националните центри за академско признавање на квалификации, размена и споделување искуства, алатки и бази на податоци, соработка преку Регионалната база на податоци за признавање на Западен Балкан, како и заедничка борба против појавата на фалсификување  документи. За организирање, координирање и следење на активностите поврзани со спроведувањето на овој договор, ќе се формира Заедничка комисија за признавање на високообразовните квалификации, составена од тројца претставници од секоја од државите потписнички.

Шесте држави од Западен Балкан со надминувањето на предизвиците во делот на високото образование ја потврдуваат посветеноста кон целосна регионална интеграција, а со тоа и интеграција во ЕУ.

Next Post

Петровска: Ги подобруваме условите на припадниците на Армијата

НАЈНОВО

Зголемување на цените на горивата од полноќ

October 27, 2025
Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk