ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Стипендии за девет најдобри студенти на Економскиот факултет при УКИМ по повод Денот на осигурувањето

November 1, 2022 12:55
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Девет најдобри студенти во четврта година на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје ќе добијат стипендии од осигурителни компании. Оваа новост ја предвидува трипартниот Меморандум за соработка што денеска, на Националниот ден на осигурувањето – 1 ноември, на Економскиот факултет, го потпишаа проф.д-р Крсте Шајноски претседател на Совет на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економски факултет и Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружението на финансиски организации при СКСМ, кој воедно е и генерален директор на Триглав Осигурување А.Д.

Иницијативата на АСО за стипендирање на студенти доби поддршка од Економскиот факултет и беше прифатена од  девет осигурителни компании: Триглав Осигурување, Кроација осигурување – неживот, Еуролинк, Граве Неживот, Халк Осигурување, Евроинс, Сава Осигурување, Кроација осигурување – живот и Граве. Секоја од компаниите ќе додели по една годишна стипендија во денарска противвредност на 1.000 евра.

Шајноски потенцираше дека е задоволен од одзивот на компаниите на иницијативата на АСО за стипендирање студенти и дека со тоа учесниците на осигурителниот пазар покажале високо ниво на општествена одговорност.

– Ние сме овде за вас! Затоа што вие сте најквалитетната долгорочна осигурителна полиса за сите нас. Вие апсолутно го заслужувате нашето целосно внимание, грижа и посветеност затоа што вие, студентите, сте иднината на нашата земја, порача Шајноски.

Деканот Трпески појасни дека согласно со меморандумот студенти од Економскиот факултет ќе отпочнат да реализираат практична настава во Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Здружението на осигурители и останатите осигурителни компании кои оперираат на националниот осигурителен пазар и да се стекнат со нови знаења, но и можност за вработување во овој сектор.

Со тоа, посочи Трпески, им се отвора перспективата да бидат активни учесници во идниот развој на осигурителниот пазар во земјава.

Исто така, претставници на институции од осигурителната индустрија активно ќе се вклучат со практични примери во наставата на Економскиот факултет – Скопје и ќе пренесат практични знаења на студентите.  Економскиот факултет – Скопје активно ќе се вклучи во надградбата на националната осигурителна култура, како еден од факторите за креирање на поволно бизнис окружување и поттикнување на инвестициите во македонската економија.

Активностите за одбележување на националниот ден на осигурувањето опфатија и две панел дискусии за актуелни теми поврзани со растот и развојот на осигурувањето како и за предизвиците кои врз оваа дејност ги наметнува инфлацијата предизвикана од глобалните растечки цени пред се на енергенсите, како и за заштита на правата на осигурениците која е основа за раст на културата на осигурување.

Во рамки на настанот беше презентиран и наградениот научно-истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување за кој АСО, традиционално низ годините, доделува награда. Автор на наградениот труд, годинава, е младиот научник м-р Филип Пеовски, асистент на катедрата по математика и статистика на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје. На настанот Шајноски на Пеовски, во име на АСО, му додели плакета и награда од 80.000 денари.

1 ноември е национален ден на осигурувањето, а воедно е и денот на кој, пред 13 години почнала со работа Агенцијата за супервизија на осигурувањето. АСО е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Next Post

Спасовски:Безбедносната состојба на границите генерално поволна

Shortcut

Најново

Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Крвавиот биланс расте по рускиот напад врз цивилни цели во Кијив: Спасувачите пребаруваат урнатини, има најмалку 14 загинати, според дел од извештаите и повеќе

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk