ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски:Безбедносната состојба на границите генерално поволна

November 1, 2022 13:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска пред амбасадорите од земјите-членки на ЕУ рече дека безбедносната состојба на државните граници во моментов е генерално поволна. Како главни предизвици тој ги издвои илегалното минување, криумчарењето мигранти и секундарните движења на мигрантите, но не се регистрирани, напомена, посериозни загрозувања на јавниот ред и мир и јавното здравје како резултат на мигрантската криза.

-Во првите десет месеци спречени се 22 806 обиди за илегално преминување на границите или речиси пет илјади обиди повеќе во споредба со истиот период лани. Најголем дел од обидите за илегални преминувања, впрочем како и во претходните години, се спречени на јужната граница со Република Грција, 20 858. На оваа граница е забележан пораст за речиси 30 отсто во однос на истиот период лани. Во однос на земјата на потекло на мигрантите при спречените обиди, доминираат мигрантите од Сирија со 9 290 кои во однос на минатата година се значително зголемени, додека во првите топ пет земји се вбројуваат и мигранти од Пакистан, 5 324, Авганистан 1 737, но и Индија, Мароко и Куба, рече Спасовски.

Според Спасовски, кој имаше излагање, а потоа и одговараше на прашања на амбасадорите, досегашната соработка во справувањето со илегалната миграција покажа дека кога се работи заедно, може успешно заеднички да се решат предизвиците.

Со потпишувањето на Договорот помеѓу ЕУ и Република Северна Македонија за оперативни активности спроведени од Агенцијата за гранична и крајбрежна стража во земјава, воспоставивме одржливи, трајни решенија за справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал, при што почитувањето на човековите права и демократските принципи се основните принципи на кои се темели меѓусебната соработка. Имплементацијата на овој Договор ќе придонесе за посигурни граници и поголема безбедност на нашите граѓани, како и за ефикасно управување и справување со предизвиците од миграцијата и потенцијалните идни закани, а со тоа, како што додаде, и за справување со сериозниот криминал со прекугранична димензија, рече Спасовски.

Во однос на нелегалната миграција, тој ги издвои миграциските движења на „Западнобалканската рута“, како и влијанието на руската агресија врз Украина, при што информираше за аналитичките согледувања на ФРОНТЕКС кои укажуваат дека миграцискиот притисок во регионот на Западен Балкан во текот на 2022 година е зголемен, особено на северните граници во регионот со Србија и во Австрија.

-Во 2022 година, од страна на земјите вдолж Западно-балканската рута пријавени се над 178 000 илегални преминувања од мигранти на и помеѓу гранични премини, што е за 75 отсто повеќе од истиот период во 2021 година, истакна Спасовски.

Тој информираше и дека активностите кои се преземаа за спречување на криминалните активности поврзани со криумчарење мигранти резултираа со откриени 89 случаи на криумчарење на 1 328 мигранти.

Next Post
Фото: А. Мехмети

Излезе од печат „Зелена читанка“

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk