ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Белградска безбедносна конференција: Да се искористи најдоброто од Берлинскиот процес и Отворен Балкан

November 1, 2022 20:28
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За успешна регионална соработка потребно е да се вклучат сите земји од Западен Балкан и да се искористат сите добри практики од постоечките иницијативи, Берлинскиот процес и Отворен Балкан, оценија учесниците на Белградската безбедносна конференција.

Министерката за европски прашања на Црна Гора, Јована Маровиќ смета дека земјите од Западен Балкан треба да се фокусираат на Берлинскиот процес и во негови рамки да ги искористат добрите практики на иницијативата Отворен Балкан.

Ако веќе сме во Берлинскиот процес, сите шест земји од Западен Балкан, ако напредуваме со Заедничкиот регионален пазар и ако Отворен Балкан некако се поклопува со тоа, тогаш целта е да се спојат двете иницијативи, да се искористат најдобрите практики од двете и да се има една заедничка во која ќе учествуваат сите земји од регионот, истакна Маровиќ на панелот „Отворен Балкан и Берлинскиот процес – Лавиринт на регионална соработка“.

Таа изјави дека нема официјален став на Владата на Црна Гора за Отворен Балкан и дека политичките елити го политизираат ова прашање.

Еден блок, додаде таа, се залага за приклучување на Црна Гора во таа иницијатива, укажувајќи на економските придобивки, додека другиот е против, објаснувајќи дека тоа е „дел од српската хегемонија“ и дека тоа е политичко, а не економско прашање.

Маровиќ додаде дека во Владата има мнозинство партии кои во моментов се за Отворен Балкан, но дека анализата на Министерството со кое таа раководи покажува дека „нема брзање“ за придружување на Црна Гора.

Анализата покажува дека иницијативата Отворен Балкан сè уште нема големи резултати, нема механизам за решавање на споровите и нема рамковен договор кој би гарантирал еднаков статус за сите учесници.

Западен Балкан треба да се фокусира на Берлинскиот процес и во него да ги интегрира добрите практики од Отворен Балкан, како што е договорот за безбедност на храната, рече Маровиќ.

Од друга страна, советничката на премиерот на Албанија, Одета Барбулуши, истакна дека благодарение на иницијативата Отворен Балкан е зголемена трговската размена на земјите кои се дел од таа иницијатива, дека има повеќе туристи од Србија во Албанија, дека е полесно да се пристапи на пазарот на труд и да се добијат дозволи за работа и престој.

Барбулуши додаде дека прашањето е како двете иницијативи да бидат комплементарни за да бидат покорисни за граѓаните и да послужат како „отскочна даска“ за процесот на евроинтеграција, особено за интеграција во единствениот пазар на ЕУ.

Според неа, иницијативата Отворен Балкан е одговор на потребите на граѓаните и бизнисите, и инструмент за подобрување на регионалната соработка, која е неопходна за градење доверба.

Косовскиот новинар Ветон Сурои изјави дека најважна цел на регионалните иницијативи е капацитетот на земјите да соработуваат институционално за воспоставување траен мир.

Тој оцени дека процесот на регионална интеграција треба да биде мерлив и дека со побрза интеграција регионот ќе има поголема поддршка од ЕУ, вклучително и финансиска поддршка.

Предизвикот не е Берлинскиот процес или Отворен Балкан, туку како тие да се координираат, како да се искористи енергијата вложена во двата процеса и нивно спојување, нагласи Сурои.

Next Post

Два активни пожара во Кичевско и еден во Македонски Брод

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk