ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

„Кошничка за домаќинствата“ од денеска во грчките супермаркети

November 2, 2022 10:02
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 51 категорија производи содржи т.н. „кошничка за домаќинствата“ која од денеска се воведува во супермаркетите во Грција и има за цел цените на конкретните основни производи да останат исти или да има минимални покачувања, јави дописничката на МИА од Атина.

Кошничката за домаќинствата содржи: ориз, леб, макарони, свинско и пилешко месо, риба, млеко и млечни производи, јогурт, јајца, различни видови сирење и кашкавал, зејтин, брашно, шеќер, кафе, чај, какао, сокови, средства за чистење, детергенти, тоалетна хартија, паста за заби, производи за лична хигиена, влошки, сапун, антисептик, пелени, храна за кучиња и мачки итн.

Каталогот со производи, маркетите ќе треба секоја среда да го испраќаат до Министерството за развој и инвестиции на Грција, додека пак граѓаните, преку специјален сајт може да се информираат за производите и цените избрани од супермаркетите.

Минатата седмица грчкиот Парламент го изгласа амандманот што се однесуваше на „кошничка за домаќинствата“ и предвидува маркетите со годишен профит од над 90 милиони евра, задолжително, до Министерството за развој и инвестиции на Грција да испраќаат листа со производи за широка потрошувачка (вклучени во кошничката), кои се неопходни за пристоен живот и обврзани се да биде вклучен најмалку еден производ од секоја категорија, чија цена ќе биде прифатлива и пониска во споредба со останатите производи од истата категорија.

Во случај да не се испрати листата со производи, предвидена е парична казна за супермаркетите во висина од 5.000 евра дневно, за секој задоцнет ден.

За помалите маркети, „кошничката за домаќинствата“ не е задолжителна, туку е произволна.

Конкретната одлука ќе биде во сила до 31 март 2023 година.

Не станува збор за замрзнување на цените, туку обид на супермаркетите, цените на производите неопходни за домаќинствата, да се задржат на што е можно пониско ниво.

Next Post

Отворен Балкан: Договорот за балкански пазар на труд ги чека нашите пратеници

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk