За прв пат во државава, во соработка со ЕУ и ФАО спроведен е проектот МАИНЛАНД, кој станува одличен пример за успешна консолидација на земјиште и во меѓународни рамки, објави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Тој нагласува дека придобивките од консолидацијата на земјиштето се многубројни. Добрата структура на земјиштето и пристапот до потребната инфраструктура, овозможуваат поголема ефикасност и профитабилност на производството, како и можност за земјоделците да инвестираат во модернизација и зголемување на обемот на производството, вели Николовски.
„Тоа влијае и на подобрување на животниот стандард и можностите за развој на руралните средини. За тоа сведочи и позитивното искуство на земјоделците кои со доверба го поздравуваат овој процес. Продолжуваме понатаму!“, истакна Николовски во објавата







