Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ
Слушате ли, на листите за пратеници повеќето ќе бидат жени отколку мажи. Што тоа ни кажува? Па за оној што знае да исчитува, значи дека СДСМ им дава шанса најмногу на жените, значи дека не е шовинистичка партија, значи дека работи на родовата еднаквост, работи исто така за единката, работи за малите и ранливи луѓе.
Ако во една партија нема шовинизам, или има многу малку, на ниво на ексцес, тогаш во општеството ќе има помалку примитивизам, помалку омраза и помалку расизам, помалку ксенофобија и помалку хомофобија.
Не е случајно што Зоран Заев е лидер за мир, соживот и толеранција на Балканот. Прашајте во амбасадите, ако сакате прашајте и низ регионот: Северна Македонија е пример за стабилност, така велат важни и влијателни луѓе. Јас ништо не измислувам.