ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На пат кон ЕУ: Уставно разграничување на македонскиот и бугарскиот народ или како да се надмине „един народ, един език“

November 4, 2022 19:34
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добрососедските односи на Северна Македонија со Бугарија како единствена допирна точка во билатералните односи во моментот го имаат само разединувањето околу правата на Бугарите и исклучиво нив. Тоа разединување двонасочно го разгореа жарот на општествената и политичката сцена во двете земји, а во контекст на европските аспирации на Северна Македонија, отворањата на здруженијата „Ванчо Михајлов“ во Битола и „Цар Борис Трети“ во Охрид и на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград.

Иако ваквото отворање треба да биде чекор напред кон подобрување на односите меѓу двете земји, политичките односи во контекст на пристапните преговори на Македонија за членство во ЕУ, бугарското „вето“, па спуштање на топката по „францускиот“ предлог, ги пресели битките надвор од дипломатските надмудрувања.

Давање на имиња на клубови со фашистички предзнак, предизвика бурна реакција во македонската јавност, мали протести, опожарување на едниот и кршење на таблата на другиот клуб. Наспроти тоа, помпезноста со која се отвори клубот во Благоевград, заврши со ликвидација на Здружението што го формирало, мал протест и вербален „инцидент“ на Мицкоски и Апасиев со дел од демонстрантите

Во меѓувреме македонската опозиција реши да одговори на бурните реакции во јавноста со Предлог-закон за измени на Законот за здруженија и фондации, на што пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“ одговорија со Предлог–закон за измени и на Законот за политички партии по истата основа:

-Во Законот за здруженија и фондации во член 4 ставот (2) се менува и гласи: Се забранува упис на организација и основање на организација ако називот, името, скратеното име, програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица.“

-Во Законот за политичките партии во член 3 алинејата 3 се менува и гласи: Разгорување на национална, расна или верска омраза или нетрпеливост, етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, национал-социјализам и третиот рајх .”

Во Собранието во вторникот едногласно беа донесени измените и за двата закони. Ова пратеничка консензуалност ја врати реториката кај политичките структури. Реакцијата на Бугарија беше очекувана, па така реакцијата на бугарското МНР дека „измените имаат за цел „дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија“, бидејќи има „еднострано толкување на историските факти“, покажува дека неприфаќањето на сопствената историја со фашистичките примеси ќе ги заострува уште повеќе меѓусоседските односи.

Забелешката на бугарското МНР дека „посебен проблем претставува одлуката на Парламентот на Северна Македонија воопшто да не го вклучи комунизмот, како тоталитарна и репресивна идеологија, во примената на усвоените промени“ и немањето „механизам за рехабилитација и компензација на убиените и настраданите за време на комунистичкиот режим во поранешната СР Македонија, прогонувани и репресирани единствено поради бугарската самосвест“, упатува дека ќе се инсистира бугарското определување јасно да биде определено  и по отворањето на Уставот, но можеби нема да биде доволно.

Од македонска страна, како што изјави и пратеникот од СДСМ, Јован Митрески, лидерската средба треба да го изнесе и ова прашање кое ќе придонесе да „се разграничат двата народа, македонскиот и бугарскиот во Уставот“, од бугарска страна можно е да наиде повторно на реакции за „един народ, един език“.

Б. Јoрдановска

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Пике утре го игра последниот натпревар во кариерата

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk