ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Со реформите во образованието од најрана возраст ги учиме децата на толеранција, за да не се повторат историските грешки од минатото

November 8, 2022 14:43
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Никогаш не смееме да ги заборавиме историските настани како прогонот на Евреите, треба да ги одбележуваме и постојано да потсетуваме на нив, со единствена цел да научиме како да постапуваме, за во иднина да не се повтори минатото“ рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на Комеморативна седница по повод Кристалната ноќ, која во 1938 година го означи почетокот на прогонот на Евреите во Европа.

Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје веќе шеста година го одбележува овој настан, а годинава и во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ и Правниот факултет од Тетовскиот универзитет.

„Треба да создаваме образовани млади генерации, образовани и од семејството и од училиштето и од средината во која живеат. Нови генерации без чувство на омраза, туку со почит, хуманост и соживот како цивилизациски вредности“, нагласи министерот Шаќири, додавајќи дека со реформите што ги правиме во сферата на образованието, посебен акцент се става на интеграцијта и интеркултурализмот, кои промовираат толеранција без оглед на расните, верските или етничките разлики, стимулирајќи поголема блискост меѓу различните заедници кои живеат во нашата земја. Подобрувањето на меѓуетничката интеграција во образованието создава и подобра  социјалната кохезија во општеството.

Со новите наставни програми антисемитизмот се изучува како тема во повеќе одделенија и истовремено е содржина на воннаставни активности. Се ова има за цел да се сензибилира прашањето за Холокаустот, за никогаш повеќе да не се повтори, наведе министерот Шаќири.

„Училиштето е вистинското место каде уште од најрана возраст децата можат да се научат на позитивни вредности, за да се развијат во личности со хумани карактеристики. Како министер за образование и наука, се залагам за континуирано елиминирање на омразата и дискриминацијата во образовниот процес“, рече министерот за образование и наука Шаќири.

Next Post

„Готвачот на Путин“ Евгениј Пригожин призна вмешување во изборите во САД

Shortcut

Најново

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk