ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

„Њујорк тајмс“: Трамп дал инструкции за притисок врз Киев два месеци пред телефонскиот повик со Зеленски

Судот за импичментот на Трамп продолжува денеска со заклучните говори на обвинителите и заштитата, по што ќе се пристапи кон гласање дали треба да бидат повикани сведоци. Се уште е нејасно дали откритијата од необјавената книга на Болтон ќе влијаат екс-советникот да биде повикан на распит од Сенатот

January 31, 2020 20:36
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп ја планирал многу порано кампањата за притисок на Украина да компромитира свој политички ривал, прад да го побара тоа од украинскиот претседател Володомир Зеленски, дознава „Њујорк тајмс“.

Претседателот дал инструкции во однос на ова на својот тогашен советник Џон Болтон, се вели во најновата книга на екс-советникот, дознава весникот. Средбата се случила лани во мај во кабинетот на Трамп и во неа учествувале Мик Молвејни, шеф на кабинетот, личниот адвокат на претседателот, Руди Џулијани и адвокатот Пат Сиполоне.

Претседателот му дал инструкции на Болтон да се јави на Зеленски и да му каже дека треба да се сретне со Џулијани, кој во тоа време планирал да патува за Украина за да дознае повеќе за истрагите побарани од Трамп.

Демократите го бараат Болтон како клучен сведок, кој според нив може да ја каже вистината за тоа што се случило во однос на наводната коруптивна шема на претседателот, меѓудругото, обвинет за злоупотреба на моќта, и отповикан од Претставничиот дом.

Судот за импичментот на Трамп продолжува денеска со заклучните говори на обвинителите и заштитата, по што ќе се пристапи кон гласање дали треба да бидат повикани сведоци. Се уште е нејасно дали откритијата од необјавената книга на Болтон ќе влијаат екс-советникот да биде повикан на распит од Сенатот.

Републиканците стравуваат дека уште едно сведочење може да повлече каскада од други сведоци што може да ја развлече судската постапка уште најмалку две недели и најважно, може да му наштети на Трамп во предизборниот период.

Исходот од денешната сесија најверојно ќе биде републиканска блокада на барањата на демократите за повик нови сведоци и преминување кон клучната фаза – гласање дали претседателот ќе биде оправдан и ослободен од обвинијата.

Next Post

Времето тече, а циркузантите изведуваат сѐ поглупави и сѐ помалку смешни фори и фазони

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk