ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Досудена првата затворска казна за ширење лажни вести во Шпанија

November 9, 2022 11:16
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Припадник на шпанската Цивилната гарда, агенцијата за јавна безбедност, е осуден на 15 месеци затвор за објава на лажна вест на Твитер пред три години за наводен напад на малолетен мигрант врз жена.  Лажната вест е проследена со видео снимка на силување од Кина и нема врска со Барселона, за каде сега осудениот гардист, тврди дека настанот се случил, пренесува Вистиномер.

Обвинението прецизира дека тој објавил видео од брутален напад врз млада жена на 1 јули 2019 година , проследено со вест дека станува збор за снимки од силување што неодамна се случило во Кан де Мар, Барселона.

Видеото, кое било прегледано 21.900 пати, во неполна минута прикажува маж како брутално напаѓа жена, ја удира со клоци и тупаници, по што се обидува да и’ ги спушти панталоните за на крајот да ја фати за коса и да ја влече на земја. Во твитот во прилог на видеото, гардистот со погрдни зборови укажува дека силувањето е дело на „лудаци и стада Мароканци“. Осуден е за кривичното дело против основните човекови права – „повредување на достоинството на луѓето поради дискриминаторски причини“.

Ова е првата пресуда за објавување лажна вест во Шпанија. Обвинителството соопшти дека обвинетиот бил мотивиран од неговото непријателство кон странски имигранти од мароканско потекло. Сега осудениот го признал делото, откако претходно со судска наредба избра два свои профили на Твитер и Фејсбук и еден на Инстаграм. Овие профили, гардистот ги користел во текот на 2019 години за да шири ксенофобични објави и искривени или лажни информации за имигрантите. Сега осудениот го признал делото, по што судот изрече условна казна затвор. Судот му изрече двегодишна забрана на социјални медиуми, парична казна од 1620 евра, да следи курс за недискриминација, а покрај ова, гардистот пет години не смее да врши образовни и спортски активности.

Засиленото внимание против дезинформациите и лажните вести настана во текот на пандемијата, откако Државното правобранителство преку својот Технички секретаријат подготви извештај во кој, како кривични дела ги класифицира лажните вести или измами во контекст на здравствената вонредна состојба. Документот, познат како El Confidencial, анализира најмалку десетина кривични дела содржани во Кривичниот законик, а кои можат да настанат со несоодветна употреба на Интернет и социјалните мрежи. За овие дела, законите предвидуваат парични казни и казни кои вклучуваат и затвор.

 

Next Post

Ковачевски: Опозицијата ја спречи државата да користи поволни финансиски средства

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk