ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Град Скопје за првпат не ги објави добитниците на наградата „13 Ноември“, нема информација ни за одбележувањето на празникот

November 13, 2022 11:20
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје за првпат не ги објави добитниците на највисоката градска наградата „13 Ноември“ која се доделува по повод Денот на ослободувањето на Скопје од фашистичкиот окупатор, а ја врачува градоначалникот на градот. Единствената информација што може да се најде е соопштението на Културно-информативниот центар (КИЦ) на нивната фејсбук страна во кое Центарот ја објавува програмата по повод свеченото доделување на наградите кое ќе биде вечерва во 19 часот во Националната опера и балет (НОБ).

Со одлука на Одборот за доделување на наградата од 30 мај, беше објавен конкурсот на сајтот на Град Скопје и беше отворен до 10 септември. Вообичаено, добитниците на наградата официјално се објавуваат во почетокот на ноември. Наградата „13 Ноември“ на Градот Скопје се доделува на физички и на правни лица како знак на признание на Градот Скопје, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот и за неговиот севкупен напредок и афирмација во Македонија и во светот.

Лани, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на почетокот на својот мандат не дојде на свеченоста за доделување на 13-Ноемвриските награди, па таа не им ги врачи наградите на добитниците туку тоа го сторија од жири комисијата, а не присуствуваше ни на свеченоста во Филхармонија, која покрај со врачување на наградите се одбележа со балетска претстава посветена на ослободувањето на градот пред 77 години. Ова беше првпат градоначалник на Скопје да не ги врачи наградите.
  • ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА НЕ ДОЈДЕ НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НАГРАДАТА НА ГРАД СКОПЈЕ „13 НОЕМВРИ“

Град Скопје годинава нема никакава официјална објава за прославата на 13 Ноември и 78 години од ослободувањето од фашизмот, информација за агендата не е објаена ниту на официјалната веб страна и на фејсбук страната на Град Скопје и на градоначалничката Данела Арсовска, ниту пак се испратени покани или вест до медиумите.

САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати до прес-службата на Градот со прашање зошто годинава ниту се објавени добитниците на 13-Ноемвриската награда, ниту има каква било информација за одбележувањето на најголемито празник на градот, но досега не добивме одговор.

Градот годинава за првпат не покани медиуми ни на одбележувањето на Денот на пожарникарите.

А. АНТЕВСКА

Извор: СДК

Next Post

Зеленски: Руските сили ја уништија клучната инфраструктура во Херсон

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk