ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Зајкова: Никој нема да го укине студентскиот оброк, бараме трајно и системско решение

November 13, 2022 15:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е точно дека некој сака да го укине студентскиот оброк, се бара трајно и системско решение за тој да функционира како што беше првично замислен, а по моделот кој се применува во Република Словенија, вели пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова.

Законот за субвенциониран студентски оброк како иницијатива на ЛДП од 2018 година беше едногласно усвоен и од власта и од опозицијата уште во 2020 година, но Министерство за образование и наука не најде можност системски да го имплементира, па лани реши да го менува на начин што се исплаќаа парични средства на трансакциските сметки на студентите без притоа да се има увид дали истите се трошат за храна или други намени. Како компромис поради реакција на младинскиот сектор и универзитетското собрание се воведе преодна одредба во постоечкиот закон која важеше до почетокот на оваа студиска година.

-Измените на законот го нарушија целиот концепт на истиот и го сведоа на ниво на финансиска поддршка. Бидејќи и по цела година од страна на Министерство за образование и наука не беше воспоставен систем за имплементација, а преодната одредба истече се соочивме со вакум период односно период кога студентите не ја користат мерката поради законска празнина, потенцира пратеничката Зајкова.

Таа додава и дека за да не се губи време во собраниските комисии целосно ќе ги повлечат измените на законот и ќе подготват нов текст во делот на критериумите, усогласен со предлозите на студентските организации.

-Реакциите на студентите се оправдани, тие бараат да се вратат критериумите кои важеа во решението од 2020 година. Но, за да може да бидат вклучени и слушнати изворни нивните предлози пред ова законско решение да влезе на расправа во комисиите истите се поканети на средба во понеделник на која ќе бидат и предлагачите и министерот за образование. Доста е од популизам, доста е од искористување на се и сешто за политички цели и поени, да го направиме законот системски применив и одржлив“ заклучува Зајкова.

ЛДП

Извор: МИА

Next Post

Сочувство од Ковачевски за загинатите во експлозијата во Истанбул, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од МНР

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk