ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународен ден на толеранцијата: ЦИВИЛ повикува на меѓусебно разбирање, почитување и мирољубив дијалог

November 16, 2022 11:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

На Меѓународниот ден на толеранцијата, ЦИВИЛ потсетува и повикува на јакнење на јавната свест за опасностите од нетолеранција, ги промовира универзалните човекови права и слободи, и почитувањето, прифаќањето и уважувањето на различноста. Исклучително важно е сите актери во општеството и во државата да покажат максимална волја и подготвеност за обединување на различностите независно од етничките, верските и расните разлики, политичките убедувања, социјалната положба и сексуалната ориентација.

ЦИВИЛ најостро го осудува говорот на омраза што се шири во јавната комуникација. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи дека под објавите на социјалните мрежи секојдневно се упатуваат грозни закани, повици на насилство и изрази со говор на омразата насочени кон организацијата и кон авторките и авторите на анализи и ставови на медиумската платформа на организацијата.

Како организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ, преку медиумската платформа ЦИВИЛ МЕДИА и со секојдневното присуство на терен, во средби со граѓанките и граѓаните, политичките партии и граѓанските организации, упорно и постојано порачува дека говорот на омразата е опасен за демократијата и за човековите права и слободи.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е простор за изразување на слободната мисла, независно од каква било општествена или политичка ориентација или било каква припадност. Социјалните мрежи се просторот на кој граѓанките и граѓаните можат слободно да си ги искажат своите ставови околу одредена тема што е објавена на медиумските платформи на ЦИВИЛ. Но кога тоа се прави без основно почитување на различното мислење, со навреди, говор на омраза, клевети и нетолеранција кон различното, тоа е надвор од секаква конструктивна дебата и достоинствен дијалог.

Граѓанките и граѓаните се повикани да негуваат взаемна солидарност, почит и разбирање, да ги почитуваат различностите во секојдневната комуникација и во воспитувањето на младите генерации.

Образовните и културните институции, медиумите и граѓанското општество се меѓу најповиканите да спроведат програми за едукација на младите генерации за потребата од изградба на толерантно, инклузивно и мирољубиво општество во кое се почитуваат различностите како квалитет и предност.

Извор: Цивил Медиа

Next Post

Ковачевски: Шансата за членство во ЕУ не смееме да ја пропуштиме, очекувам пратениците да ги поддржат уставните измени

НАЈНОВО

ЕУ интеграциите меѓу резолуции и блокади

September 1, 2025

Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

September 1, 2025

Завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за Локалните избори

September 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански симболи како мета – институционална немоќ или политичка калкулација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk