ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Владата им е сојузник на студентите, наскоро ќе има конкретни решенија

November 16, 2022 15:23
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од Владата велат се работи на сите прашања заради кои се повикува на нови протести од страна на студентите и оти наскоро ќе има конкретни решенија.

Владиниот портпарол, Душко Арсовски денеска на новинарско прашање за ставот на Владата за протестите на студентите и нивните барања, рече дека Владата им е сојузник на студентите и оти ќе продолжи со заложбата за олеснување на студентскиот живот и студирањето.

– Студентите се иднината на Северна Македонија и тие мора да се вклучени во процесите што директно или индиректно ги засегаат. Затоа оваа Влада им е сојузник и тоа многупати досега се потврди низ заеднички дискусии за изнаоѓање решенија за предизвиците. За едно од нив, студентскиот оброк, низ дијалог завчера се дојде до решение, да продолжи да се користи по старите критериуми додека да се изнајде системско решение, рече Арсовски на редовната прес-конференција за одлуките од седницата на Владата.

Портпаролот Арсовски истакна дека оваа Влада не е позната по укинување на студентските права и можности, туку напротив, како што посочи, постојано го унапредува студентскиот стандард преку воведување нови системски или периодични и интервентни мерки со кои се олеснува студентскиот живот и студирањето.

– Во време на пандемијата доделивме ваучери за покривање на дел од  трошоците за партиципација и за сместување во студентските домови, потоа воведовме субвенциониран студентски оброк, студентските стипендии значително се зголемија, воведовме нови видови стипендии кои во минатото не постоеја, се изградија нови сместувачки капацитети. Оваа заложба ќе продолжи и натаму и на сите прашања заради кои се повикува на нови протести се работи и наскоро ќе има конкретни решенија, рече Арсовски.

По завчерашниот протест на студентите по кој беше постигнат договор да остане постојното решение за субвенциониран студентски оброк до наоѓање системско решение, денеска универзитетските студентски собранија при УКИМ, Штуловиот универзитет, ФОН, Американ колеџ, ФОП, универзитетите од Битола и Штип и движењето „Студентски отпор“ најавија дека утре во Скопје ќе одржат марш преку кој обединето ќе ги бараат своите права.

Нивните барања се издвојување средства од Буџетот за подобри услови во студентските домови, изземање на студентите од антикризните мерки, целосно спроведување на Законот за студентски оброк и зголемување на сумата, изедначување на стипендиите, подигнување на квалитетот на образованието и дигитализација.

Студентскиот марш, што ќе се одржи по повод Меѓународниот ден на студентите, ќе почне во 17.30 часот од пред Владата, а треба да заврши пред Министерството за образование и наука.

Next Post

Северна Македонија, депозитар на трите меѓународни договори потпишани во рамки на Берлинскиот процес

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk