ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пратениците го изгласаа Дополнетиот предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета

November 17, 2022 15:43
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците во рамки на денешното продолжение на 79. седница го изгласаа Дополнетиот предлог на закон за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

Законот предвидува пред поднесување на тужба за надоместување на штетата  да се бара извинување и јавно повлекување на изјавата или содржината за физичкото или правното лице на кое му е причинета штета со навреда или клевета и да презема мерки за ублажување на штетните последици, како и право на реагирање демант, одговор и исправка. Клучен аспект на законот е драстичното намалување на висината на казните на медимските работници за штетата предизвикана со навреда или клевета.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, овој предлог-закон е катастрофално напишан и било потребно техничко уредување и посочи дека стручната дебата требало да се одвива во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, но како што рече, како и за многу други закони Комисијата за европски прашања е комисија за се и од тие причини донесуваме неквалитетни закони. Посочи дека прифатени се амандмани поднесени од пратениците Миле Лефков и Рашела Мизрахи кои, како што рече, го подобриле текстот на законот и спречија злоупотреби, но истиот е далеку од добар закон.

Снежана Калевска Ванчева, пратеничка на СДСМ истакна дека сега имаме ново законско решение од причина што се интервенираше во повеќе од третината на одредбите и целисходно беше носење на нов закон кој што всушност почива на оценски мисии, експертски мислења, анализи, пресудите на Европскиот суд за човекови права. Посочи дека анализирани се 30 пресуди на Основниот граѓански суд Скопје и Граѓански суд Велес.

Пратениците, во рамки на 79-тата седница ја почнаа расправата по Предлог – завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година.

На дневен ред се и Предлог законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за поддршка на ликвидноста на АД ЕСМ–Скопје во услови на енергетска криза, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Акционерското друштво за производство на електрична енергија Електрани на Северна Македонија, по скратена постапка.

Неразгледани точки на оваа седница се и Предлог Кодекс за престанување на важење на Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието и предлог законите за финансиската инспекција во јавниот сектор, за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола и за изменување и дополнување на Законот за семејство.

Next Post

Игрите се дел од секојдневието на младите, треба да бидат дел и од нивното образование

Shortcut

Најново

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Петрит Сарачини

Зошто јавноста ги третира поинаку невладините кадри на функции во времето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ? 

August 20, 2026

Филипче: СДСМ бара минимална плата од 600 евра – законот го поднесуваме повторно во Собранието

August 20, 2026
Фото: Влада

Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

August 20, 2026

Филм „Џган“ на Вардан Тозија слави 10 години, проекција на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол

August 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk