ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ковачевски: Фотоволтаичните централи ги намалуваат производствените трошоци на фирмите

November 19, 2022 14:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

За време на посетата на компанијата ‘Подгорка’ премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата одговорно менаџира со буџетот.

-Токму со тој пристап ние изминатиов период можевме ги вратиме парите на граѓаните кога е тоа најмногу потребно и да обезбедиме два пакети антикризните мерки заштита на најранливите граѓани, во вредност од над 760 милиони евра. Токму затоа можевме да обезбедиме и ликвидност на компаниите со што ги заштитивме работните места, а и континуирано да обезбедуваме 80% субвенционирана струја како и евтина струја за да има непречено функционирање на виталните фунции на државата, изјави Ковачевски.

Според премиерот, со истото тоа одговорно однесување, изминатиов период било обезбедено и зголемување на минималната плата на 18.000 денари, зголемување на пензиите, на платите во образование, во полиција, во здравството и се обезбедува континуирано зголемување на просечната плата.

-Со истиот овој одговорен пристап пристапуваме и кон енергетската трансформација која ни е толку многу потребна особено во ова време на недостаток на енергенси. Подгорка има основна дејност во месната индустрија, но во време на една од најстрашните енергетски криза успеа да ги намали производствените трошоци благодарение на инвестицијата во фотонапонска централа која ја има инсталирано уште при градба на погонот. Тоа им е воедно и една од најисплатливите нивни вложувања, за кои еден дел од средствата се обезбедени од  ИПАРД 2 програмата. Преку истата таа програма тие го имаат кофинансирано и овој објект кој ние го посетивме денес, рече Ковачевски

Тој додаде дека од компанијата  имаат во план во најскоро време да направат посериозна инвестиција – фотоволтаична централа со моќност на производство од околу 1,5 МW часа електрична енергија, што дополнително ќе ги намали нивните производствени трошоци на долгорочен план.

-Важно е сите заедно да го пребродиме овој кризен период. Затоа антикризните мерки не изоставија никого, ќе го зачуваме стандардот на сите граѓани и ќе ги одржиме компаниите ликвидни. Затоа и ги преземаме првите чекори и уверен сум дека ќе ја оствариме нашата визија и ќе обезбедиме вложување во индустриите на иднината кои ќе ни донесат повеќе работни места, подобро платени работни места, ќе ни донесат подобра заедничка иднина, заклучи Ковачевски.

Next Post

Сè уште нема договор на климатска конференција КОП27

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk