ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Европскиот Парламент ја прогласи Русија за држава која го спонзорира тероризмот

November 23, 2022 16:19
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европскиот Парламент денеска усвои Резолуција со која ја прогласува Русија за држава „спонзор на тероризмот“, поради војната против Украина и уништувањето на цивилната инфраструктура на земјата.Европратениците во усвоениот документ посочуваат дека намерните напади и злосторства извршени од руските сили и нивните агенти врз цивилите во Украина, уништувањето на цивилната инфраструктура и другите сериозни прекршувања на меѓународното и хуманитарното право, претставуваат терористички акт и воено злосторство. Во тој контекст, Русија се смета за држава која го спонзорира тероризмот и држава што „користи средства за тероризам“, објави Европскиот Парламент, пренесува МИА.

Во Резолуцијата се истакнува дека Русија е одговорна за убиствата на многу цивили во Украина и во другите војни во кои учествувала, како оние во Чеченија и Сирија, како и за убиства на политичките противници во земјата и во странство.

Со оглед на тоа што ЕУ во моментов не може официјално да прогласува држави за спонзори на тероризмот, Собранието бара да се донесе соодветна правна рамка. Тоа истовремено предлага Советот да ја разгледа можноста за додавање на Русија на таквата листа на ЕУ на држави кои го спонзорираат тероризмот. Тоа би предизвикало силни рестриктивни мерки против Москва и би имало значителни рестриктивни последици за односите на ЕУ со Русија.

Во меѓувреме, пратениците го повикуваат Советот да ги вклучи руската група „Вагнер“ и 141-та специјална моторизирана единица, позната како „Кадировови“, како и други вооружени групи, паравоени единици и посредници финансирани од Русија на терористичката листа на ЕУ.

Парламентот бара Европската унија дополнително да ја изолира Русија на меѓународен план, што се однесува и на нејзиното членство во меѓународните организации и тела како што е Советот за безбедност на Обединетите нации.

Претставниците бараат и намалување на дипломатските односи со Русија и минимизирање на контактите на ЕУ со нејзините официјални претставници. Tие посочуваат дека земјите-членки на ЕУ треба да ги затворат и забранат институциите поврзани со руската држава, кои ја промовираат пропагандата на официјална Москва низ светот.

Резолуцијата ги повикува земјите-членки на ЕУ во Советот да ја земат предвид ескалацијата на терористичките акти од страна на Русија против украинските цивили и брзо да ја завршат работата по однос деветтиот пакет санкции против Москва. Пратениците, исто така, бараат од членките на ЕУ активно да го спречат, истражуваат и гонат секое заобиколување на сегашните санкции и заедно со Комисијата да ги разгледаат можните мерки против земјите кои се обидуваат да и помогнат на Русија да ги избегне наметнатите рестриктивни мерки.

Резолуцијата на известувачот – литванскиот државјанин Андриус ​​Кубилиус, беше прифатена со 494 гласови „за“, 58 „против“ и 44 воздржани.

Претходно парламентите на Литванија, Летонија, Естонија, Полска и Долниот дом на чешкиот Парламент во резолуции ја прогласија Русија за држава спонзор на тероризам.

Next Post

Германските репрезентативци со раце ги покрија устите во знак на протест

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk