Владата ја информира јавноста дека согласно членот 14 од Законот за државјанство на Република Северна Македонија, побара да се започнат активности за поништување на решението за прием во државјанство на Северна Македонија за лицето Александр Онишченко, информираат од владината прес служба.
Владата го иницираше барањето за одземање на државјанство на Онишченко, по одржаната владина седница на којашто Агенцијата за национална безбедност информираше за случајот.