ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Поедноставените постапки за поставување на фотоволтаични електроцентрали на крововите даваат резултати-граѓаните се позаинтересирани

December 9, 2022 12:31
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Поедноставените постапки за поставување на фотоволтаични електроцентрали за на кров ги даваат првичните резултати. Се зголемува интересот кај граѓаните кои започнуваат постапки за поставување на фотоволтаични централи на своите кровови, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој денеска оствари работа посета на општина Берово.

Министерот Бочварски заедно со градоначалникот Звонко Пекевски остварија средба со граѓани од Берово на кои ги презентираа поедноставените постапки за поставување на фотонапонски централи, согласно измените на Законот за градење и тоа до 6 киловати за физички лица и 40 киловати за правни лица.

Министерот пред присутните потенцираше дека постапката за поставување на овој тип на фотоцентрали на кров се намалува од претходните 30 дена, сега само на 1 ден со тоа што заинтересираните правни или физички лица сега можат да поставуваат без одобрение за градење само со известување.

“Ова е време кога треба сите да размислуваме за поевтина енерегија за да можеме да заштедиме на нашите домашни буџети. Овие поедноставени процедури сега овозможуваат граѓаните и правните лица да можат без одобрение да постават кровни фотоцентрали. Ова е поедноставена постапка која содржи само неколку чекори а тоа е: Подготвување на основен проект со две фази и тоа со архитектура и електрика и само известување до општината преку која граѓанинот ја информира општината дека пристапува кон поставување на енергетски објект на својот кров. Подтогтвени сме на овој начин да му помогнеме на електро-енергетскиот систем на државата но и да си помогнеме самите себе и да придонесеме за плаќање на помали сметки за електрична енергија”  изјави министерот Благој Бочварски.

Градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски потенцираше дека во Берово интересот за поставување на фотоелектрично централи е огромен. Тој истакна дека во следниот период ќе им се излезе во пресрет на сите граѓани кои се заинтересирани за овие инвестиции.

Tags: Бочварски
Next Post
Фото извор: BAE Systems

(ФОТО) Нова генерација борбени авиони најавија Јапонија, Велика Британија и Италија

НАЈНОВО

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

Утре посвежо со локален пороен дожд и грмежи, од вторник пораст на температурата

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk