Швајцарската пиварница Doppelleu Boxer AG и компанијата Circular Food Solutions Switzerland AG планираат да создадат растителна алтернатива на месото од нуспроизводи добиени од производство на пиво. Производот, кој е опишан како премиум алтернатива за месо, треба да се појави на полиците на супермаркетите следната година.
Повеќе од 5 милиони швајцарски франци ќе бидат инвестирани во изградба на фабрика во швајцарскиот град Винтертур. Сопствениците најавуваат дека тоа ќе биде најнапредната фабрика во светот за преработка на искористени житарки. Тоа е продолжение на процесот кој започна во 2015 година кога нуспроизводите на пиварницата беа претворени во добиточна храна. Но, сега ќе се добие производ богат со протеини кој може да се користи како зеленчук замена за месото, велат оттаму.
За развојот на производите, сопствениците на пиварницата соработувале со водечки швајцарски преработувачи на месо. Производството ќе започне следната година, а планот е годишно да се преработуваат неколку стотици тони искористени житарки. Производот, кој ќе биде направен 100% од швајцарски суровини, треба да се најде на пазарот до крајот на 2023 година, пренесува swissfoodnutritionvalley.com.
Извор: Агротим