Македонската граѓанска организација Цивил и германската youth4media одржуваат прес конференција посветена на дезинформациите и пропагандата.
Средбата со медиумите е дел од програмата на првото издание на Меѓународната недела на новинарството отпорно на дезинформации и пропаганда. Дел од програмата во текот на изминатата недела беше и Меѓународниот семинар „Отпорно новинарство во борба против дезинформациите и пропагандата“ во чија практична работа и продукција учествуваа медиумски професионалци од Северна Македонија, Германија, Ерменија и Косово.
Прес конференцијата се одржува и по повод Меѓународниот ден на човековите права (10 декември), со слоганот Дезинформациите и пропагандата ги кршат човековите права. Спротивставете се!
Дезинформациите и пропагандата убиваат.
Предизвикуваат:
Недоверба во институциите, поларизација, несигурност, страв, тензии и насилствоПоследици по:
Економијата, политиката, социополитичкиот живот, стабилноста и безбедноста на државатаКонтексти:
– Корупцијата најефикасно се брани со дезинформациите и пропагандата. Од друга страна: Борбата за правда е борба против корупцијата.– Дезинформациите и пропагандата се главна причина поради која кршењето на човековите права и слободи поминуваат неказнето. И воените злосторства и геноцидот се бранат со дезинформации и пропаганда.
На прес конференцијата ќе се обратат Џабир Дерала од Цивил и д-р Волфганг Ресман, прв човек на меѓународниот проект Медиумски дијалог. За изјави ќе бидат на располагање и Катерина Соколова од Институтот за новинарство во Кијив, Украина, Мкртич Тонојан, мултимедијален уметник од Ерменија.
Како и сите други настани на Цивил, настанот е отворен за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.
Извор: ЦИВИЛ Медиа