ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

АХВ: Регистрирана африканска чума во одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа

December 9, 2022 15:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска потврди дека е утврдено присуство на болеста африканска чума кај свињите во едно одгледувалиште во кумановското село Тромеѓа. Како што наведуваат во соопштението, донесено e решение за контролни и заштитни мерки. Во фармата каде болеста е потврдена спроведена е депопулација и нештетно отстранување на угинатите и евтаназирани свињи. Од фармата се земени мостри за лабораториско испитување и извршена е дезинфекција.

– Согласно решението, во село Тромеѓа, како и во сите контактни одгледувалишта каде не може да се исклучи присуството на болест, ќе се спроведуваат мерки на евтаназија и нештетно отстранување на сите свињи, со цел спречување на ширење на заразата со компензација на уништените свињи. Депопулација нема да се спроведе само во одгледувалиштата со 11 или повеќе маторици, или повеќе од 100 свињи за тов, кои се категоризирани со низок ризик, велат од АХВ.

Во ова населено место, со претходно донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки во однос на болеста африканска чума кај свињите, биле спроведени клинички прегледи на фармите и идентификација на свињите.

Од АХВ објаснуваат дека во зоната од три километри се спроведува само депопулација со колење кај некомерцијалните одгледувалишта и кај комерцијалните одгледувалишта со висок ризик и на одгледувачите им се исплаќа компензација. Во останатите комерцијални одгледувалишта по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар, свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото се користи единствено за преработка со термички третман во одобрен објект.

Во зоната под надзор (10 километри околу ова жариште, како и околу другите жаришта) се спроведуваат клинички прегледи и индивидуална идентификација на сите свињи и земање мостри за лабораториско тестирање. Во оваа зона се спроведува и мерката депопулација на свињите со колење во некомерцијалните и во одгледувалишта со висок ризик, а месото економски се искористува како свежо без ограничување, или за термички третман ако излегува надвор од оваа зона. Во оваа зона одгледувачите на некомерцијалните одгледувалишта можат да си ги заколат животните во сопственото домаќинство за сопствени потреби, но, со земање на мостри од закланите животни за испитување на африканска свинска чума.

Од одгледувалиштата со висок ризик, исто така животните се упатуваат на колење во одобрена кланица, а месото може да оди како свежо без ограничување, во рамки на оваа зона.

Во останатите одгледувалиште по потреба на производниот процес и по претходно одобрување од официјален ветеринар свињите можат да одат на колење во одобрена кланица, а месото може да се користи како свежо доколку не излегува надвор од оваа зона.

Сите свињи кои се испраќаат на колење од зоната под надзор задолжително се тестираат на африканска чума кај свињите.

Согласно последните податоци на Агенцијата за храна и ветеринарство, во вториот бран од појавата на болеста, во источниот и североисточниот регион, депопулирани се вкупно 5.541 свиња, од нив евтаназирани се 3.911 свињи, а на колење се испратени 1 630 свињи. Во општините Старо Нагоричане и Куманово евтаназирани се вкупно 658 свињи.

Во првиот бран од појавата на вирусот во јануари годинава, депопулирани беа 688 свињи, од нив 264 беа убиени и нештетно отстранети (зона од 3 километри), а 424 свињи беа заклани во кланица.

Одгледувачите од Тромеѓа протестираа и бараа да не се уништуваат свињите додека не се испитаат. Тие бараа и средба со претставници на АХВ и на МЗШВ.

Next Post

Националистичкиот пуфеж, а не корупцијата или стабилократијата, е најголемиот проблем во оваа земја

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп: Изборните порази на републиканците се должат на парализата на буџетот и фактот дека моето име не беше на гласачкото ливче

November 5, 2025
Скриншот

Карго-авион на „ЈупиЕс“ се урна во Кентаки, најмалку седум жртви

November 5, 2025
Генерирано со ВИ

Кина суспендира дел од дополнителните царини за американскиот увоз за една година

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk