ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски се добитници на државната награда за човекови права „Мето Јовановски“

December 10, 2022 13:26
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Меѓународниот ден за човекови права 10 Декември во Собранието беше свечено доделено признанието за придонес во областа на човековите права. Оваа година Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“ одлучи ова признание да им биде доделено на Ленче Здравкин позната како Ангелот од Велес и Денис Јанкуловски познат под прекарот „Космонаутко“

Ленче Здравкин, уште од почетоците на бегалската криза која го зафати Балканот, помагаше на бегалците кои транзитираа низ Македонија. Како хуманитарка и борец за унапредување на човековите права таа постојано обезбедуваше храна, облека и место за одмор на илјадниците луѓе кои бегаа од војни и конфликти, а често беше присутна и во транзитните центри во „Винојуг“ и „Табановце“.

 

Должност на секој од нас е да ги промениме загрижувачките статистики од корен бидејќи не треба да гледаме дека крешењето на човековите права му се случува на некое трето лице , туку е реалност со која сите ние треба да се соочиме“ изјави Здравкин  заблагодарувајќи се за признанието.

Денис Јанкуловски познат и по прекарот „Космонаутко“ е здравствен работник кој како дел од тимовите кои земаа брисеви на почетокот на пандемијата со Ковид-19 ги едуцираше, охрабруваше и забавуваше своите пациенти како и македонската јавност. Тој истовремено е и активист од здружението „Аутизам ААМК“ кое се залага за зголемување на свеста за лицата со нетипичен развој, нивна поголема вклученост во општеството, прифаќање и почитување.

Зборувајќи за неговата активност во подршка на лицата со атипичен развој Јанкуловски изјави „Сите тие се наши другари, роднини, пријатели, сите заслужуваат и мора да ги имаат истите права како и секој од нас а не само на хартија“

Двајцата добитници истакнаа дека ова признание е дополнителен стимул за нивните напори за придонес во областа на човековите права.

Претседателката на Комисијата за доделување на наградата „Мето Јовановски“ , Уранија Пировска соопштувајќи ја одлуката рече дека е мошне важно во еден период каков што го живееме на глобален план на кој сме сведоци за деградација на човековите права вакввите презинанија имаат значајна улога во подигањето на свеста за поддршка на сите актвивности кои придонесуваат за подбрување на сосотјбите во областа на човековите права кои се значајна цивилизациска придобивка.

На свечесноста присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски како и добитникот на минатогодишната награда за човекови права, Ѓорѓи Лазаревски.

Инаку Комисијата која ја доделува оваа државна награда при министерството за култура е составена од претсавници на 13 невладини организации активни во областа на човековите права.

Наградата се доделува по втор пат оваа година по повод Меѓународиот ден за човекови права, 10 Декември.  На овој ден во 1949 година Генералната асамблеа на ООН ја усвои Универзалната декларација за човекови права.

 

 

Tags: Денис ЈанкуловскиЛенче ЗдравкинНаграда „Мето Јовановски“човекови права
Next Post

Тренчевска: Ги мапиравме најранливите граѓани, исплатата на финансиска поддршка започна со пензионерите, следната недела и останатите социјално загрозени

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk