ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пенов: Регионалната политика на ЕУ е шанса за развојот на општините и на планските региони

December 13, 2022 11:12
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за локална самоуправа преку политиката за рамномерен регионален развој преку две посебни мерки за стимулирање, реализираше 47 проекти за развој на селата и 23 проекти за развој на подрачја со специфични развојни потреби, во вкупна вредност од 230 милиони денари, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на тркалезната маса во делегацијата на ЕУ организирана од Италијанската амбасада во земјава.

– Проблемот на празнење на руралните населени места или нивна депопулација, со децении е присутен во нашата земја. Прво како резултат на миграцијата село-град, а сега уште повеќе и како резултат на иселувањето на младите луѓе во странство. Последните резултати од пописот покажаа дека бројот на население опаѓа, што значи дека го губиме најважниот ресурс во државата, човечкиот, додаде тој во рамки на разговорите за регенерација на оддалечените рурални области, рече Пенов.

Тој, како што информира Министерството за локална самоуправа, посочи дека најмалата општина, Зрновци има само 2086 жители, а најголемата, Куманово, без малку 100 000 жители. Ова се огромни разлики  кои што укажуваат и на различните развојни капацитети на општините.

– Од голема корист се ваквите тематски расправи, особено кога се поттикнати од земји, членки на ЕУ. Се обидуваме да ги обезбедиме основните услови за живеење, но ова не е доволно за да се поттикне посериозен развој. Во политиката за регионален развој на ЕУ, се повеќе акцентот се става на развојот на урбаните јадра, кои што ќе имаат сила да го повлечат и развојот на околните населени места, истакна Пенов.

Тој додаде дека во таа смисла се повеќе се инвестира во мобилноста, во олеснување на дневната комуникација село-град, во можноста за развивање на мали бизниси кои што ќе ги сервисираат потребите на градот.

– Во Законот за рамномерен регионален развој од минатата година е воспоставен уште еден механизам – Програма за финансирање на урбаните подрачја. Оваа програма не е насочена само кон развој на градските јадра, туку пред се има за цел да финансира проекти кои што ќе ја подобрат поврзаноста на градот со руралните населени места, додаде министерот за локална самоуправа.

Пенов рече дека регионалната политика на ЕУ е шанса за развојот на нашите општини и на планските региони.

– Се надевам на вашата поддршка, на поддршката од Европската Унија, во градењето на човечки и институционални капацитети. Наш интерес е да бидеме максимално подготвени за имплементирање на средствата од ЕУ во функција на развојот на државата и на приближувањето кон европските стандарди. Нашиот следен предизвик е тоа, како со нашите буџетски средства да обезбедиме додадена вредност од кохезионите европски фондови, заклучи Пенов

Tags: ЕУРисто Пенов
Next Post

Нацевска: Усогласувањето со ЕУ во однос на монетарната политика е во напредна фаза

Shortcut

Најново

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk