Премиерот на техничката Влада, Оливер Спасовски, во вечерашното гостување на Топ Тема на телевизијата Телма потенцираше дека во однос на прашањата со законот за ЈО, за одбрана и други прашања и можноста за одложување на изборите поради недонесување на овие закони, рече дека за тие прашања, преку дијалог, мора да се постигне национален консензус.
„Мораме да покажеме минимум национален консензус за овие прашања, ние можеме да се расправаме, да дебатираме за теми кои што се чиста политика, партиите се тука да се натпреваруваат впрочем сега е изборен процес во кој ќе може да ги спротивставата и концептите и програмите меѓутоа за овие прашања мислам дека треба да има минимум консензус. Јас очекувам дека сепак и политичките субјекти и пратениците во Собранието ќе бидат навистина на висината на сопствената одговорност која што ја имаат и спрема граѓанити и државата, дека низ еден дијалог ќе може да се постигне консензус во однос на овие законски решенија“, истакна Спасовски.





