ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Турскиот суд одреди затвор и политичка забрана за градоначалникот на Истанбул и противкандидатот на Ердоган

December 14, 2022 18:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Екрем Имамоглу (фото извор: Wikimedia Commons)

Екрем Имамоглу (фото извор: Wikimedia Commons)

Екрем Имамоглу долго време се сметаше за потенцијален силен противкандидат на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите следната година.

Турскиот суд го осуди популарниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу на повеќе од две години затвор и му забрани учество во политиката поради „навреда“ на изборните службеници, што сериозно ги загрозува надежите дека во ваква положба би можел да ги измери силите со претседателот Реџеп Тајип Ердоган на изборите следната година.

Судиите во Истанбул го прогласија 52-годишниот градоначалник за виновен за клевета на јавни функционери, откако во 2019 година, високиот избирачки одбор го нарече „идиоти“ затоа што ја откажаа неговата тесна победа како градоначалник и го принудија да ги повтори изборите.

Анкетите на јавното мислење редовно покажуваат дека Имамоглу води меѓу потенцијалните опозициски кандидати против Ердоган на претседателските избори што треба да се одржат во јуни. Неговата партија, главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), формираше изборен сојуз со пет други групи кои ќе поддржат единствен кандидат кого тие сè уште не го именуваа.

Долготрајната економска криза значително ја ослабна поддршката за Партијата (АКП) на Ердоган, која владее со Турција 20 години, иако таа и понатаму е најголемата партија во земјата.

Во повтореното гласање во 2019 година, Имамоглу го победи избраниот кандидат на Ердоган за градоначалник на Истанбул со рекордна разлика, со што, за првпат по четврт век му ја одзеде контролата врз градот со 16 милиони жители на политичкото движење на Ердоган.

Имамоглу привлече поддршка надвор од секуларистичката база на ЦХП, апелирајќи до националистите, конзервативците и курдските гласачи кои не беа задоволни од начинот на кој Ердоган се справува со економијата и неговиот се поавторитарен стил на владеење.

Оттогаш, Имамоглу беше попречен од централната влада, која ги конфискуваше општинските средства, ги блокираше заемите од државните банки и ги попречуваше напорите на општината да се задолжува на странските пазари на обврзници.

Имамоглу ќе поднесе жалба на неговата затворска казна и политичка забрана од две години, седум месеци и 15 дена, изјави за новинарите портпаролот на општината.

Стотици поддржувачи на градоначалникот вееја турски знамиња пред градското собрание во знак на протест против пресудата.

Извор: Фајненшал Тајмс.

 

Tags: ЕрдоганИмамоглуТурција
Next Post

Цакоски: "За нештата да станат појасни" - Никола Младенов

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Зеленски вели дека Украина е подготвена да најде „дипломатски начин“ за завршување на војната

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Трамп го пофали црниот костум на Зеленски

August 18, 2025

(ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk