Гледавме финале на Светското првенство какво што само можеме да посакаме, а на крајот по изведувањето на пенали се радуваше Аргентина.
Аргентина од почетокот на натпреварот беше подобрата репрезентација создаваше шанси, а таквата игра им се исплатеше после 22 минути. Анхел Ди Марија падна во шеснаесетникот, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Меси ја презема одговорноста и беше сигурен реализатор. Продолжи Аргентина да биде подобрата репрезентација и на сцена повторно стапи Анхел Ди Марија во 36. минута кога по додавањето од Мекалистер реализраше за 2:0.
На пауза се замина со 2:0. Аргентина изгледаше како подобра репрезентација на теренот се до самиот финиш. Дешамп направи неколку измени, но Франција продолжуваше да биде во подредена улога и така беше се до последните десетина минути од натпреварот.
Марчињак во 80. минута повторно покажа на белата точка, сега на спротивната страна. Ако Меси претходно беше сигурен за Аргентина, сега истото важеше за Мбапе кај Франција. Со првиот гол Мбапе се израмни со Меси на листата најдобри стрелци на Мундијалот, а само една минута подоцна со втор гол донесе изедначување и голема радост за Франција.
Во продолженија Аргентина успеа да се соземе од шокот и двата гола на Французите, па повторно тие беа репрезентацијата која ја имаше топката во поголем посед. Се играше 109. минута од натпреварот кога по шутот на Лаутаро Мартинез топката се одби до Меси кој се најде на вистинското место и погоди за трет гол на Аргентина. Возбудувањата не завршија ниту тука. Во 116. минута Франција доби нов пенал поради игра со рака во шеснаесетникот и повторно Мбапе застана на белата точка, не погреши и со хет-трик донесе ново изедначување.
Франција во последните секунди имаше огромна шанса преку Коло Муани кој излезе сам пред Емилијано Мартинез, а аргентинскиот голман чудесно интервенираше, па победникот се решаваше по изведување на пенали.
Мбапе со својот трет пенал на натпреварот застана прв кај Французите и по третпат беше сигрен. Меси веднаш изедначи, а првиот кој промаши беше Кингли Коман во втората серија кај Франција. Дибала по средината го матираше Лорис за водство на Аргентина. Чуамени катастрофално лошо шутираше во третата серија, промаши цел гол и тука веќе се најавуваше големата победа на Аргентина. Паредес стрелаше за Аргентина, а Коло Муани остави трошка надеж за Французите. Сепак се беше готово кога во следниот пенал Акуна реализираше за светска титула.
Messi with a hugely important goal for Argentina
Could be the winner. What a GOAT ?
— Mimi Fawaz (@MimosaFawaz) December 18, 2022
MBAPPE HATTRICK TO LEVEL IT AGAIN#ARG 3-3 #FRA pic.twitter.com/MLt9A9XR51
— FIFA World Cup 2022 (@2022_QatarWC) December 18, 2022
Извор: Слободен печат