ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Хрватска почнува постепено прилагодување на еврото – од денеска голема промена на сите банкомати

December 19, 2022 15:37
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Хрватска, една од земјите со најразвиена мрежа на банкомати, поради воведувањето на еврото почнува постепено прилагодување на новата валута.  Банкоматите на деловните банки се најважниот канал за снабдување со готовина во куни во Република Хрватска, а ќе бидат и клучниот канал за снабдување на граѓаните со евро банкноти, пишува Н1.

Тие треба да се приспособат така што од 1 јануари 2023 година да се исплаќаат исклучиво во евра, додека банките се обврзани да обезбедат соодветна достапност на куни преку мрежата на банкомати до 31 декември 2022 година. Затоа, банкоматите постепено привремено се исклучуваат во текот на декември и почетокот на јануари, за банките да можат да ја приспособат мрежата на банкомати за исплаќање евра до 15 јануари 2023 година.

Со цел овој процес на усогласување да не влијае негативно на достапноста на готовина во куни во периодот до 31 декември 2022 година, односно во евра по 1 јануари 2023 година, банките привремено, во периодот од 15 декември 2022 до 15 јануари 2023 година за граѓаните ќе ги укинат надоместоците за трансакции за подигање готовина со дебитни картички на банкомати надвор од сопствената мрежа на банкомати на одредена банка (на банкомати на други банки) во Република Хрватска.

Така, од 15 до 31 декември куните може бесплатно да се подигаат на кој било банкомат, додека од 1 до 15 јануари без надомест ќе може да се повлекуваат евра од банкоматите.

Со оглед на густината на мрежата на банкомати во Хрватска, ова треба да им обезбеди на граѓаните висок степен на достапност на готовина во куни до 31 декември 2022 година и готовина во евра по 1 јануари 2023 година

Tags: банкибанкнотибанкоматиевроРепублика Хрватска
Next Post

Во Софија пронајдено тело на македонски државјанин

Shortcut

Најново

Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

July 25, 2026
Фото: Скриншот, ведео Јутјуб, Индипендант

Трамп воведе нови царини за над 80 земји

July 24, 2026

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk