ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири- Вал: Без квалитетно образование, нема граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените

December 21, 2022 11:12
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во напорите за унапредување на сите општествени сегменти, вклучително и образовниот систем. Без понуда на квалитетно образование, не може да се создадат граѓани кои ќе бидат креатори и имплементатори на промените што ги наложува новото време и кои мора да се случат заради интегрирање на државата во европското семејство на развиените земји.

Ова е заклучокот од средбата што денеска ја имаа министерот за образование и наука Јетон Шаќири и новиот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, на која се дискутираше за тековните реформски процеси што ги спроведува МОН, особено во делот на основното образование, но и за идните планови што ќе бидат поддржани од оваа организација.

Министерот Шаќири, како што информираат од неговиот Кабинет, посочил дека МОН ќе продолжи да гради хармонична училишна средина во која учениците ќе имаат меѓусебна доверба, ќе се почитуваат и нивна заедничка цел ќе биде вложување на стекнатото знаење во напредокот на својата земја.

-Меѓуетничката толеранција, почитувањето на различностите, взаемното разбирање, толеранцијата, почитта се вредности кои се интегрирани во новите наставни програми во основното образование, а верувам дека, како и досега Мисијата на ОБСЕ на различни начини ќе даде придонес за целосно нивно ефектуирање во наставата, но и преку воннаставни активности, рекол Шаќири.

Министерот нагласил дека следна област за покрупни промени ќе биде средното образование, каде, како што истакнал, голема е поддршката од ОБСЕ кои помогнале во креирањето на новиот предлог Закон за средно образование.

Амбасадорот Вал, кој е добар познавач на приликите во Северна Македонија, имајќи предвид дека повеќе од 20 години работи во регионот, рекол дека Мисијата на ОБСЕ ќе даде нов импулс на образовните политики во следниот период и дека освен поддршката преку тековни проекти и активности, ќе се работи и на воспоставување нови соработки со цел зајакнување на улогата на образовните установи.

Тој потенцирал дека од особена важност е да се промовира и зајакне интегрираното образование, меѓуетничкото разбирање, демократските вредности, изучувањето на јазиците и генерално интекултурализмот за што соработката ќе продолжи и ќе се обезбедат повеќе ресурси за реализација на активностите насочени кон поставените цели.

Next Post

Буџетот на МО за 2023 година ќе изнесува 274,6 милиони евра

Shortcut

Најново

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk