ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Парно и гас ќе има и по 1 јануари

December 23, 2022 12:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Парно за граѓаните и гас за компаниите ќе има и по 1 јануари, иако „Макпетрол“ најави дека повеќе нема да испорачува природен гас до неговите корисници. Системот мора да функционира, а во енергетиката функционира затоа што согласно Законот секој кој користи гас има обврска да има и алтернативно гориво, токму поради вакви ситуации, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

– Уште од првиот ден на оваа Влада постојано работиме Градот Скопје да има парно и да има непречено снабдување со електрична енергија. Сметам дека во енергетска криза треба да има пристап кон работата кој не вклучува уцени. Тоа не е начин, ниту, пак, на тој начин се добиваат било какви резултати. Ниту јас работам по принцип на уцени, ниту, пак, граѓаните и економијата имаат какви било придобивки од таков пристап, рече Ковачевски во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Тој нагласи дека сите мора одговорно да се однесуваат во време на криза.

Либерализацијата на пазарот е неопходна и за тоа веќе долго време се разговара и тоа е неминовно дека ќе се случи еден ден. Парно за граѓаните ќе има и гас за компаниите ќе има. За таа цел утрово ЕСМ објави повик за прибирање на понуди од домашни и странски компании, кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребни количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата – пред се поголемите производствени и услужни капацитети со дел од кои сум во директна комуникација со главните извршни директори, потенцира Ковачевски.

Како што посочи премиерот, повикот на ЕСМ е од отворен карактер и во однос на количествата и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите. Се однесува за период од 1 јануари до 30 април 2023 година.

– Според она што го имаме како информација во Владата од надлежните министерства, пред се од Министерството за економија, веќе имало заинтересирани снабдувачи на гас. Тие денеска водат разговори со Министерството за економија, а за кратко треба да започне и состанок во Регулаторната комисија за енергетика со клучните институции од енергетскиот сектор во државата, додаде Ковачевски.

Next Post

Османи официјално го отвори почесниот конзулат во Едрене

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk