Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пред некој ден седев на кафе со еден истакнат дипломат.
Убав муабет си направивме.
За светот и за Македонија.
Најмногу за Македонија во светот и за светот во Македонија.
Се разбира, специјално на фонот на војната во Украина и на геополитичките конвулзии и контракции во кои се крчка композицијата на новиот свет.
Оти овој е расклатен како мост кој секој момент може да се урне.
Во страотната руска агресија, но и други мајстори вадат пилони и копаат по коловозот.
Не ме изненади кога ми рече: Тричко, Македонија е спакувана, ние сме вцртана маркичка во новиот урбанистички план на светот, мала птичка врз грбот на големиот бивол, идеална позиција за ентитети и феномени, еве нека да кажеме и субјекти, какви што сме ние, затоа што во крзното на биволот има многу вошки односно храна богата со протеини. Освен тоа, од грбот на биволот се фрла многу убав поглед. Тој бивол се вика Запад. Тоа значи дека во идејна односно вредносна смисла, нашата позиција е фиксирана. Животната средина ни е зададена. Односно, не е фиксирана позицијата и средината, туку правецот во кој позицијата се движи. Изборот на демократијата во понудата меѓу демократијата и автократијата, изборот на Запад, меѓу понудата на Исток и Запад, изборот на слободата меѓу слободата и стравот. Нашата судбина не е само наше прашање и тоа е добро. Северна Македонија е најдоброто решение за регионалната композиција на мирот и стабилноста во рамките на евроатлантската заедница. Тоа е контекст во кој прашањето на идентитетот може да се смета за решено. Значи, не контекст кој фамозниот идентитет се доведува во прашање, како што тврдат домашните политички трупови, злонамерници и сервисери на путинистичката доктрина за малите нации како хемендекс за големата мечка. Според која брежневљевата доктрина за ограничениот суверенитет беше царство на слободата. Надвор од ова не постои опција прво да се реши идентитетот, па после да се оди во интеграција. Тоа што досега е остварено во врска со идентитетот (јазикот, црквата, геополитичкиот субјективитет низ членството во нато и почетокот на преговорите) е постигнато, имено, во рамките на овие односи, не против нив.
Дали е ова јасно?
Мицко, Коцарев, Владе, Кикифрики?
Тоа е новото ниво на постоењето на Македонија.
Друго не постои.
Апдејтите нѐ извлекуваат од ропството на илинденскиот, па дури и на асномскиот циклус и ни овозможуваат да работиме побргу и во многу подобра резолуција.
Исчистена од историските флеки, заблуди и лаги.
Капацитирани за нови дострели така што енергијата што ја трошевме на пастрмајлијади, митинзи, народни игри и ора, сега ќе ја трошиме на попаметни и попродуктивни работи.
Помалку ќе бидеме Македонци по Гоце, а повеќе по резултатите на полето на културниот натпревар меѓу народите.
Ако се разбираме.
Тоа значи дека битката за власт има смисла и може да биде продуктивна и за кандидатите и за целата држава и за сите граѓани, само во рамките на овој концепт. Не постои друг концепт, односно, ако тој постои во главите на чипираните и други идиоти, во него нема власт, односно нема држава и нема нација.
Нема ништо.
Политичките и партиски разлики можат да се формулираат во рамките на овие координати.
Обидите тоа да се прави надвор од тој концепт не се политика, туку злосторство.
Или се тешка форма на инфантилизам.
ВМРО-ДПМНЕ не е на власт, а веројатно нема ниту да биде, поради многу причини, но главната причина е обидот по секоја цена да го извади македонскиот воз од овие шини за кои тука зборуваме. Ситуацијата е шизофрена. Прифаќањето на концептот несомнено ќе ја стабилизира Македонија, политички, правно, геополитички, ќе ја афирмира и протежира демократијата како модел и ќе ги зголеми, многукратно ќе ги зголеми шансите на оваа партија да ја освои власта.
Фактот дека таа тоа не го прави покажува најмалку две работи од кои главната е таа дека примарна цел на вмро-дпмне не е власта, како што се чини на прв поглед, туку слабеење и обесмислување на државата и особено на нацијата. Обезбедување на услови за таков развој на процесите и кога се власт и кога се опозиција. Опозицискиот статус во тој поглед е дури и попредизвикателен. Таа позиција ѝ овозможува да краде бакарни жици од аеродромот и да предизвикува авионски несреќи за кои ќе ја обвинува власта. Тоа е целата политичка филозофија на говњарите. Крадење на бакарни жици од аеродрмската инфраструктура и предизвикување на авионски несреќи.
Хахаха!
Луѓето мислат дека јас претерувам.
И попуштам пред предизвикот на парите што ми ги даваат непријателите на Македонија.
Дека сум платен да мразам сѐ што е македонско.
Извадив една пачка од тие пари, се приклучив на вештачката интелигенција на Гугл и вчера ја добив следнава скица за мал есеј:
Од пред почетокот на светот до денеска, немало национално освестен Македонец и вморон во една личност.
Има Македонци кои се членови или симпатизери на вмро-дпмне, но тие или се немаат освестено себе си како луѓе и национални битија, или го немаат освестено вмрото.
Според тоа, ако сте во таа партија или вртите крукчиња околу неа, најдобро за вас и за вашите најблиски е да појдете на доктор. Тој ќе ви направи скенови и други анализи кои ќе ви покажат за кај сте, за внатре или за надвор. Мислам во однос на злосторничката инсталација на путинофилите, радевистите, каракачановистите и на други такви исти кои се против Македонија повеќе отколку што е Владимир Владимирович против Украина и против нормалниот свет.
Во Клиниката „Тричковски“ можете да закажете на телефон 071331026.
Прием на нови пациенти се врши секој ден од 10 до 16 часот.
Но, не, ние сѐ уште одбиваме да одиме на идентификација на злото. Македонија го третира вмро како историска основа и современа политичка алтернатива. Таа го разбира вмрото подобро и поповолно отколку што тоа се разбира самото себе. Вмро-дпмне, имено, не се разбира себе си како политичка алтернатива во рамките на демократскиот процес, туку како претендент на комплетната вистина и судбина на Макединија. Тие ја разбираат Македонија како што Путин ја разбира Украина. Само што крстаречките ракети на нашето зло доаѓаат од медиумите. И експлодираат. Уриваат системи, а од луѓето прават идиоти. Такво им е полнењето. Во меѓувреме на луѓето им е понудена власта како причина за нивните несреќи. И тие трчаат по власта како кучиња по коска. На крајот на трката ќе добијат курац. Мислам луѓето, не кучињата. Ако не ја сменат перспективата и ако не излезат од лажниот свет во кој се набутани.
Маркичката за која зборувавме со димпломатот дава гаранции за државата, но претпоставува минимално ниво на нормалност.
Јас сум оптимист.
Мислам дека болеста ќе ја совладаме.
Самите.
Добро, со помош на американските противглупердни системи „Патриот“ и со европските интегративни, ментални, културни и финансиски озонери.
Нормалниот дел на Македонија ќе ги зарази со својата нормалност болните од вмро.
Ќе им ги покаже предностите на здравиот живот.
Можеби ќе реагираат на скицата на хегеловската дедукција на монархијата во која ако на местото на наследниот владетел се стави вмро ќе се препознае драмата на Македонија.
„Во моментот кога општественото здание ја постигнува целосната рационалност на совршено организираната држава-рационалност за која се плаќа со нужноста од нејзиното дополнување – се става на нејзиното чело потполно ирационалниот елемент на наследниот владетел кој непосредно, во својата природа (т.е. благодарение на своето биолошко потекло) е тоа што е во културата, во смисла на својот симболички наслов.“
Низ целата транзиција ние сме пред предизвикот да ја усереме „целосната рационалност на совршено организираната држава“, со инсталација на наследниот владетел кој тука се вика вмро.
И ја усеруваме.
Да, да, сите партии се виновни и луѓето се виновни, нема кој не е виновен, но една е каптажата на злото и небиднината.
Сите се криви е алибичен и кукавички, во крајна линија и опасен дискурс.
Добро, ќе речете дека нашата држава е далеку од совршено организиран субјект. Се разбира, се разбира, но тие проблеми не се и никогаш не можат да бидат препорака да излеземе од демократскиот систем и да му се предадеме на лудачкиот тоталитаризам на просташтвото, глупоста и некултурата, на претворањето на Македонците во овци кои ќе ги носат на молзење во туѓо трло.