ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Покрената истражна постапка против 12 полициски службеници од ГП „Табановце“, за шестмина одреден притвор

December 27, 2022 11:34
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 полициски службеници кои извршувале инкриминирани дејствија со коруптивни елементи на граничниот премин „Табановце“, од кои за шестмина, по барање на ОЈО ГОКК, судии на претходна постапка донесоа решенија за притвор.

Од ЈО велат дека постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи против 12 лица, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на расположливите докази донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Злосторничко здружување“ и како соизвршители сториле продолжено кривично дело „Примање поткуп“, додека останатите пријавени лица се осомничени дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на вчерашниот ден предметниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје доставил и предлог за изрекување на мерката притвор за четворица осомничени, мерка притвор во траење од 8 дена за две лица, додека, за останатите за кои се води скратена постапка предложи мерки за обезбедување на присуство. Судиите на претходна постапка ги прифатија предлозите.

– По нивно произнесување во однос на предлозите, а во присуство на бранител, судиите на претходна постапка донесоа решенија со кои ги прифатија предлозите на ОЈО ГОКК и на Д.К., В.Ф. и И.Н. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, на Х.К. му определи мерка куќен притвор, на А.С. и М.Ј., за кои се води скратена постапка, прифатен е предлогот на обвинителот и им е определена мерка притвор во траење од 8 дена, за Ј.Н., Н.П. и А.А. прифатен е предлогот на обвинителот и определени се мерки за претпазливост, стои во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

Од Јавното обвинителство информираат дека по повеќемесечна предистражна постапка, врз основа на сознанија дека на ГП „Табановце“ група полициски службеници на организиран начин извршуваат инкриминирани дејствија со коруптивни елементи, под раководство на предметниот јавен обвинител, била спроведена полициска акција.

– Во акцијата, се извршени претреси на 27 полициски службеници, како и претреси во службените простории на ГП „Табановце“ и домовите на дел од пријавените и притоа се приведени девет полициски службеници, се наведува во соопштението од ЈО.

Според постапката, на почетокот на 2020 година, осомничените – командир на ПС за гранични проверки, двајца виши полицајци во истата ПС и еден полициски службеник, опфатени во Наредбата за истражна постапка, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, создале група со цел да вршат кривични дела „Примање поткуп“ од член 357 и „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 од КЗ за кои кривични дела може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна.

– Првоосомничениот, најпрвин како раководител на смена, а потоа и како командир на ПС ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата. Тројцата како полициски службеници кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10, 20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале по лномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Така, од почетокот на 2020 година сѐ до 25.12.2022 година во повеќе наврати примиле поткуп, а од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра, се вели во соопштението.

Од ОЈ дополнуваат дека на 25 декември при спроведените претреси кај осомничените се пронајдени предмети, подароци и поголема сума на пари за кои постојат основани сомненија дека потекнуваат од извршените кривични дела за кои се осомничени.

– Па така, кај четвртоосомничениот пронајдени се 15.795 евра во банкноти во апоени од по 5 евра, 10 евра и 20 евра и 30 швајцарски франци, додека кај првоосомничениот се пронајдени 210.000 денари во апоени од по 1.000 и 2.000 денари. Воедно, во зградата на ГП „Табановце“ во просторијата – кујна во метален сад сместен во висечки орман пронајдени се 420 евра и 20 франци што осомничените ги сокриле како пари примени тој ден како поткуп, велат од ЈО.

Next Post

Започна консултативниот процес за Предлог-законот за регулирање на средношколското организирање и учество

НАЈНОВО

Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk