Во угостителски објект на ул.„Васил Ѓоргов“ во Скопје синоќа во 18:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.З.(36) од скопското село Елово и Р.А.(34) од Скопје.
Како што денеска соопштија од МВР, тие се сомничат дека на 21 декември од 41-годишно лице од Крушево, поради наводен долг и нерасчистени должничко-доверителски односи, со употреба на сила одзеле патничко возило „бмв“ и апарат за испитување на подземни води во вкупна вредност од околу 17.500 евра. Според пријавеното, најпрво му барале 6.000, а подоцна и 12.000 евра за да му го вратат одземеното.
– По преземени мерки, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, во наведеното време лицата биле затекнати во угостителскиот објект при примопредавање на парите. Кај нив биле пронајдени и одземени изнудените пари и фалсификувана лична карта. Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснуваат од МВР