ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Поддршка од Полска за ЕУ и НАТО

– Разменивме мислења и информациии и за новата методологија за водење на пристапните преговори, како и за активностите што претходат на Европскиот совет во март. Оваа седмица треба да биде објавен и предлогот за новата преговарачка методологија, а за нас е клучно, час поскоро државите членки на Унијата да се усогласат за оваа методологија и пролетва да добиеме позитивни вести за нашата европска интеграција за време на хрватското претседателство со Европската Унија. Ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија за водење на преговорите, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните, истакнал на прес-конференцијата Пендаровски.

February 4, 2020 15:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија и Република Полска одржуваат пријателски односи, со постојан политички дијалог, со растечка економска соработка и со обострана заложба за јакнење и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес, констатирале на денешната средба претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, кој се наоѓа во официјална посета на Варшава.

Заеднички било заклучено дека нема отворени прашања меѓу двете држави, а од особена важност е развојот и интензивирањето на економската соработка за која постојат големи потенцијали од двете страни.

Претседателот Пендаровски на заедничката прес-конференција со неговиот полски колега Дуда по средбата оценл дека имале искрен и содржаен разговор. Потенцира дека Република Полска е наш важен, докажан партнер и поддржувач во исполнување на нашите стратешки цели – членството во НАТО и Европската Унија, цели за кои имаме јасен национален консензус и широка поддршка од граѓаните.

На средбата, Пендаровски, како што соопшти неговиот Кабинет, се заблагодарил за брзата ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на Полска и како што сите очекуваме, подвлекол, по завршување на ратификацијата во шпанскиот парламент, наскоро Северна Македонија да стане полноправна членка на Алијансата.

Во фокусот на средбите со полските домаќини била и остварувањето и на нашата втора стратешка цел – членството во Европската Унија, во контекст на претстојните самити на Унијата во март во Брисел и во мај, во Загреб.

– Разменивме мислења и информациии и за новата методологија за водење на пристапните преговори, како и за активностите што претходат на Европскиот совет во март. Оваа седмица треба да биде објавен и предлогот за новата преговарачка методологија, а за нас е клучно, час поскоро државите членки на Унијата да се усогласат за оваа методологија и пролетва да добиеме позитивни вести за нашата европска интеграција за време на хрватското претседателство со Европската Унија. Ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија за водење на преговорите, со цел да имаме ефективен процес на пристапување, со мерливи резултати и конкретни придобивки за граѓаните, истакнал на прес-конференцијата Пендаровски.

Шефот на државата Пендаровски порача дека продолжуваме да работиме на исполнување на нашите стратешки цели, како во добрососедската политика, така и на домашната реформска агенда.

Тој изразил надеж дека поддршката од Полска во овој, за нас многу значаен временски период и личната поддршка од претседателот Дуда ќе продолжи и понатаму.

– Искуството на земјите од Вишеградската група е исклучително полезно во нашиот процес на евро-атлантска интеграција. Во таа насока сакам да истакнам дека т.н. Скопска конференција како платформа за размена на полските искуства во интеграциите е ефективна за нас. Задоволни сме што го споделуваме искуството и знаењето со нашите полски партнери на досега одржаните седум состаноци. Очекуваме и на осмиот состанок, што треба да се одржи оваа година овде во Варшава, да учествуваме како земја со добиен датум за почеток на преговорите, рекол на прес-конференцијата претседателот Пендаровски.

Меѓу другото посочил дека многу ја цениме помошта на Полска во справување со бегалската и мигрантската криза на нашата јужна граница. Заклучно со март оваа година, 1000 полициски офицери од Полска во рамки на 34 ротации и контингенти беа и ќе бидат вклучени во европската помош на нашата полиција и армија за обезбедување на таа граница.

На средбата со претседателот Дуда, Пендаровски ја искажал и нашата подготвеност за зголемување на соработката во економијата, науката и образованието, како и зголемување на соработката во областа на безбедноста и одбраната.

Воспоставувањето на директната авио линија меѓу Скопје и Варшава, а во летниот период и чартер летовите меѓу Охрид и други полски градови, било оценето на средбата, претставува важен чекор кон подобрување и олеснување на контактите помеѓу бизнис заедниците на двете страни меѓутоа и зголемување на бројот на посетите од страна на полските туристи.

На прес-конференцијата претседателот Пендаровски ја споменал и соработката во образованието и културата, како успешен пример на македонско-полските односи и градењето на јазичните и културните врски.

– Сакам тука да ја споменам соработката на македонските и полските слависти во рамките на лекторатите по македонски јазик во Полска, но и Катедрата за полски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, што секоја година традиционално се одржува во Охрид, а особено минатогодишното одбележување на 65-годишнината од студиите по полонистика во Скопје, истакнал претседателот Стево Пендаровски.

Next Post

МИА го објавува нацрт-извештајот за ревидираната методологија на пристапните преговори

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk