ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Дванаестмината повредени во несреќата во Велес вон животна опасност

January 5, 2023 17:52
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

 Дванаесетте повредени во несреќата што се случи попладнево кај велешка „Порцеланка“, при која возило моторна дрезина на ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ удри во комбе со патници, се однесени во велешката болница и се надвор од животна опасност, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница – Велес.

– Сите се задржани на испитување и опсервација. Досега се снимани половината од патниците и скршеници кај нив не се констатирани. Но, сѐ уште се вршат испитувања кај останатите половина од повредените. Целосната информација ќе ја имам по 16 часот, изјави д-р Левкова Ќулумова.

Таа информира дека меѓу повредените има две деца на возраст од три и пет години и една 19-годишна девојка. Останатите повредени лица се на возраст од 30 до 60 години.

Информацијата дека сите повредени се надвор од животна опасност и дека на нив се вршат рентген и други испитувања ја потврди и д-р Љупчо Леов, ортопед, кој ги прегледал повредените. Тој потврди дека засега нема констатирано скршеници кај никој од повредените, но тие сепак се оставени на опсервација, а неговиот колега, д-р Ванчо Граматов ги прегледува останатите повредени.

Денеска  во 12:01 часот во СВР Велес било пријавено дека на железничкиот премин кај фабриката „Порцеланка“ во Велес се случила незгода помеѓу железничко возило и комбе „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на такси компанија од Чашка, управувано од 52-годишниот Д.Ј. од Чашка.

Десет патници повредени во судир на возило на МЖ Инфраструктура и комбе

Next Post

Подољак: Кијив не прифаќа мировен договор со кој Русија ќе задржи украинска територија

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk