По изрекувањето на правосилните пресуди во постапката против поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, државата покрена постапка за наплата на отштета од околу десет милиони куни (околу 1,3 милиони евра), пренесува МИА.
Конфискуваниот имот на Санадер и неговото семејство, што се состои од недвижен имот, земја и вредни уметнички дела, ќе биде ставен на продажба, јавија хрватските медиуми.
Согласно Законот за државен имот, надлежното хрватско министерство го презеде управувањето со трајно одземениот движен и недвижен имот на Иво Санадер.