На 322-от ден од руската инвазија врз Украина, русите во текот на ноќта истрелале повеќе од 40 ракети на територијата на Кутсуруб, регионот на Миколаев.
„Во текот на ноќта од 23:34 часот на 10 јануари до 02:02 часот на 11 јануари, непријателот ја гранатираше територијата на заедницата Кутсуруб со повеќе ракетни системи, истрелувајќи повеќе од 40 ракети. Се проценува штетата. Според првичните информации, никој не е повреден“, објави на Телеграм Виталиј Ким, шеф на регионалната воена управа на Миколаев.
За синоќешното гранатирање во Украина преку твитер информираше и амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир.
322nd day since russia invaded. The terrorist state russian federation & member state of the #OSCE fired more than 40 rockets on the territory of Kutsurub community, Mykolaiv region, during this night.
#RussiaIsATerroristState?@UKRINFORM pic.twitter.com/oo4a160kYE
— Larysa Dir (@dir_larysa) January 11, 2023