ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата донираше 12 мотоцикли на МВР

January 12, 2023 13:06
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Претседателката на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска денеска во Министерството за внатрешни работи на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски му предаде 12 мотоцикли „пијаџо беверли“ кои ќе ги користи сообраќајната полиција. Опремата е во вредност од над 7,3 милиони денари.

–  Покрај многуте претходни примери на партнерство, денеска го официјализираме и ова примопредавање на опрема, вредна над 7,3 милиони денари, која се состои од 12 мотоцикли „пијаџо беверли“, целосно опремени за потребите на сообраќајната полиција, што нашите пријатели од РСБСП денеска ни ја врачуваат на користење, рече Спасовски, додавајќи дека таквото заедништво претставува еден крајно позитивен и важен пример за тоа како меѓуинституционалната соработка може и треба да се реализира и развива, во конкретниот случај во интерес на сите чинители и учесници во сообраќајот.

Кожуваровска истакна дека соработката помеѓу РСБСП и МВР е заедничка цел и законска обврска.


– Искуството од минатите години покажа дека РСБСП и МВР се пример за позитивна и успешна меѓуинституционална соработка и поддршка која ќе продолжи и понатаму. Унапредувањето на работата на сообраќајната полиција и подобрувањето на нејзините капацитети е од исклучителна важност за подобрување на безбедноста на патниот сообраќај. Примената на современа техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот и квалитетот на извршените контроли од стана на сообраќајната полиција, нагласи претседателката Кожуваровска.

Опремата ќе биде распределена според потребите на сообраќајната полиција.

Покрај мотоциклите во опремата се вклучени и кациги, како и соодветна облека.

Tags: Гордана КожуваровскаМВРОливер Спасовскисообраќајна полиција
Next Post

Богоев: Судиите треба да почне да одговарат за да се зголеми довербата во судството

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk