Норвешка нарачала нови залихи муниција, конкретно артилериски гранати во вредност од 2,6 милијарди круни (243 милиони евра), соопшти денеска Владата во Осло.
Норвешкото Министерство за одбрана потпиша договор со националниот производител на муниција „Намо“, за кој односниот договор ќе значи можност за зголемување на сопствените производствени капацитети.
„Постои нова геополитичка ситуација. Во Европа има војна и нивото на подготвеност е подигнато“, изјави норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам. Според него, таквата ситуација создава потреба Норвешка да има повеќе воена опрема, вклучително и муниција.