ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Цените на основните производи се намалени до 10 проценти

January 13, 2023 12:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Цените на основните прехранбени производи се намалени до 10 проценти и тоа може да се види насекаде. Кај месните производи има намалување од пет до 12 проценти, а доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата може да се забележи дека два месеци по ред таа се намалува. Ова значи дека мерките кои Владата ги презема вродија со плод, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски одговорајќи на новинарско прашање.

Ковачевски посочи дека Владата мерките ги носи во координација со стопанските комори и со претставниците на сите сектори во рамките на стопанските комори, односно производителите на основни прехранбени производи.

Како што рече, тие добиваат субвеницонирана цена на електрична енергија од 80 евра за мегават час, што е за неколку пати помала цена на електрична енергија од она што го купуваа на берзата претходно.

-Меѓутоа, цената на струјата, односно струјата, е еден влезен параметар во финалната цена, а на цената на струјата влијае и зголемената цена на суровините на светските берзи, тука пред се мислам на месото, млекото, житото..Свесни се и компаниите дека државата во рамки на своите можности прави максимум што може за да им помогне, бидејќи давањето на електирчна енергија од 80 евра по мегават час кога цената на електирчна енергија беше и 500 евра за мегават час значи финансиски издаток за државата со цел да имаме намалување на цените, потенцираше Ковачевски.

Доколку се погледнат месечните стапки на инфлацијата, Ковачевски рече дека два месеци по ред стапката на инфлацијата се намалува, а годишната инфлација со која ја завршивме годината е на нивото со другите европски држави

-Нормално дека државата носи мерки. Ние го продолживме ограничувањето на маржите, но за дополнителни фискални олеснувања во моментов не се разговара. Тоа не значи дека во иднина нема да се разговара, но мора да се внимава и на буџетот. Буџетот има своја приходна и расходна страна. Ако постојано ја зголемуваме расходната страна а ја намалуваме приходната страна, тоа ќе се одрази негативно врз други параметри на буџетот, додаде Ковачевски

Tags: Димитар Ковачевскипрехранбени производицени
Next Post

Нема простор за декларативна поддршка за ЕУ - до ноември може да се направи многу, изјави Ковачевски

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk