Чесите и денеска гласаат меѓу осумте кандидати на изборите за иден претседател, кои почнаа вчера.
Според предизборните анкети, пензионираниот генерал Петр Павел се смета за благ фаворит, пред поранешниот премиер Андреј Бабиш и професорката по економија Дануша Нерудова.
Тие тројца кандидати имаат шанса да одат во вториот круг, бидејќи ниту еден од нив, според истражувањата, не може да освои 50 отсто од гласовите потребни за победа во првиот круг гласање, кој завршува денеска во 14 часот, јавуваат светски агенции.
Резултатите од изборите за новиот претседател на Чешка, кој според уставот нема големи извршни овластувања, се очекува да бидат познати попладне.
Извор: МИА