ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска: Воената академија е суштински дел од одбранбениот систем на земјава

January 18, 2023 13:09
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Развојот на Воената академија останува да биде еден од приоритетите на Министерството за одбрана зашто тука се создаваат идните лидери во Армијата на Република Северна Македонија. Академијата е суштински дел од одбранбениот систем на државата и затоа мораме да продолжиме заеднички да ја развиваме, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска при денешната посета на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, каде се сретна со деканот, полковникот Митко Богданоски, со научно наставниот кадар и дел од питомците на Академијата.

Како што информира МО, на средбата со деканот на Академијата, полковникот Богданоски, министерката беше информирана за активностите во 2022 година и плановите за тековната година. Полковникот Богданоски информираше и за акредитацијата на студиските програми за втор циклус студии во периодот 2022 – 2027 година и реакредитацијата на студиските програми за прв циклус на студии.

При посетата, министерката Петровска разговараше и со дел од питомците на Воената академија, на кои им порача да бидат активни, да ги развиваат своите способности и своите знаења зашто тие се идните офицери на македонската Армија и од нив зависи како ќе се развива Армијата во годините кои доаѓаат.

– На академијата предаваат искусни професори и предавачи и ваша задача е да го впивате тоа знаење и да размислувате како идни НАТО офицери. Искористете ги сите можности кои ги нуди Воената академија, вмрежувајте се со вашите колеги од земјите членки на НАТО и покажете дека Северна Македонија има офицери кои можат да стојат рамо до рамо со офицерите од другите НАТО Армии, рече министерката на неформалната средба со питомците.

Воената академија е високообразовна институција која школува кадри за одбраната и Армијата, за кризниот менаџмент и системот за заштита и спасување. На академијата се организира школување на сите циклуси на студии, а професорскиот кадар континуирано учествува во меѓународни научно-истражувачки проекти, конференции и работилници. На академијата освен за потребите на Армијата на Република Северна Македонија се школуваат питомци и од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Next Post

Курти: Во рок од неколку месеци може да се постигне договор меѓу Белград и Приштина

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk