ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Потребна е регионална соработка за решавање на аерозагадувањето

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест рече дека нивната невладина организација ги анализирала мерките кои ги спровела Владата во врска со аерозагадувањето и заклучила дека досега се спроведени околу 30 проценти

October 4, 2019 19:39
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Потребна е регионална соработка на државите од Западен Балкан за решавање на загадувањето, од кое во светот досега починале 4,2 милиони лица и во услови кога 90 проценти од светското население секој ден дише нечист воздух, беше истакнато на денешната конференција посветена на регионалното аерозагадување.

Во Република Северна Македонија првпат постои план за справување со аерозагадувањето, истакна заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој наброја некој од мерките преземени од Владата за справување со загадувањето.

– Во 45 објекти децата нема да бидат загадени, во 28 објекти ќе има енергетска ефикасност, во 11 општини во Скопје, ќе бидат поставени не зимзелени, туку плодородни дрва, за да можат децата и едукативно да учат, во 38 објекти ќе бидат поставени прочистувачи. Во тек е кампања во Полог за инвестиции во дрвната индустрија, каде што ќе бидат поставени филтри, рече Макрадули, кој потенцира дека го радува тоа што има општа мобилизација за справивање со аерозагадувањето.

Макрадули информира дека активностите за справување со изворите на загадување се одвиваат во исто време.

– Паралелно работиме на справување со загадувањето од домашното затоплување, транспортот, зелените урбани зони, стимулација на приклучување централното парно греење, и она што останува предизвик како да се справиме со предизвикот со иднината на термоелектраните. Набрзо тоа ќе го демонстрираме со термоелектраната Осломеј, истакна Макрадули.

Ана Чоловиќ Лешоска од Еко-свест рече дека нивната невладина организација ги анализирала мерките кои ги спровела Владата во врска со аерозагадувањето и заклучила дека досега се спроведени околу 30 проценти.

Таа истакна дека на денешната регионална конференција биле опфатени три конкретни теми.

– Финансирањето на мерките во борбата против загадувањето, прекугранично влијание и како да соработуваме за да го решиме овој проблем и иновации и позитивни практики за справување со аерозагадувањето, посочи Чоловиќ Лешоска.

Влатка Матковиќ Пујиќ од Алијансата за здравје и животна околина од Брисел истакна дека еден од најголемите загадувачи е користењето на јагленот.

– Наш фокус се фабриките на Балканот кои користат јаглен. Шеснаесет такви фабрики во регионот, загадуваат речиси како 250 фабрики во Европа. Тоа нас не загрижува и сакаме да предложиме мерки како да се реши проблемот. За да се реши аерозагадувањето, потребна е регионална соработка, затоа што за него нема граници. Загадување во Северна Македонија доаѓа од Србија, исто и од Косово. А дел од загадувањето од регионот оди во Европа. Тоа неа ја загрижува, вели Матковиќ Пујиќ.

Говорниците истакнаа дека минатата недела на Самитот за климатски промени на ОН беше формиран Фонд за чист воздух, во кој се слеаја 50 милиони долари. Дел од средствата можат да бидат искористени за решавање на загадувањето во регионот и неопходна е регионална соработка меѓу државите од Западен Балкан.

Извор: МИА

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Документот од исказот на Камчев за „Рекет“ не протекол од Кривичниот суд

Discussion about this post

НАЈНОВО

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

Кандидати за претседател на Бенфика ветуваат нови тренери: Клоп и Аморим како опции

September 16, 2025

Крстевски: Побезбедно и поправедно општество е најмалку што им должиме на жртвите и на идните генерации

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk