ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ПОЛИГРАФ: Дезинформации се тврдењата дека породилното отсуство ќе се скрати

January 25, 2023 11:07
in PMD, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку портали и анонимни профили на социјалните мрежи тврдеа дека со предлог-законот за работни односи породилното отсуство ќе се скрати од 9 на 5 месеци.

Ова тврдење беше проширено на 14.01.2023 од повеќе анонимни профили на Твитер. Некои од овие објави ширеа и теории на заговор дека ова било „стратегија на сатанистите за намалување на популацијата, да се обесхрабрат жените да раѓаат.“

Ваквите непроверени информации се ширеа и на портали: „Породилното отсуство на вработените мајки ќе биде скратено од 9 на 5 месеци, реагира јавноста на социјалните мрежи откако се појави предлог закон“, објави првично Скопје инфо на 14.01.2023.

Порталот mk, пак, потенцираше дека „Владата и министерството за труд и социјална политика не ги демантираат информациите според кои породилното боледување ќе трае само 5 наместо досегашните 9 месеци“.

Но, истиот ден, од Министерството за труд и социјална политика за „Фокус“ објаснија дека породилното отсуство не се крати: „Иако на прв поглед изгледа дека е намален периодот на мајчинско отсуство, сепак не е така, бидејќи мајката има 5 месец и мајчинско и 4 месеци родителско отсуство, значи, останува со детето исто како и досега, 9 месеци.“

И министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на нејзината ФБ страница појасни дека породилното отсуство не се крати: „Дефинитивно нема да бидат скратени 9 месеци кои и следуваат на мајката за да се грижи за своето бебе по раѓањето! Со овој нацрт – закон даваме прилика и на таткото да може да учествува во грижата на детето!“.

И Вистиномер, во анализата „Не е точно дека породилното отсуство на мајката се крати од 9 на 5 месеци“ констатира: „Породилното отсуство за мајката не се крати туку тоа останува исто, со тоа што се дели на 5 месеци мајчинско и 4 месеци родителско отсуство. Таткото, исто така, добива право на 4 месеци родителско отсуство.“

Накусо, тврдењата дека породилното отсуство ќе се скрати се покажаа како неосновани. Затоа, ги оценуваме како дезинформации, кои беа користени на социјалните мрежи и порталите за пропагандни напади кон владата и владејачките партии.

Извор: СМК.мк

 

Tags: лажни вестипородилно отсуство
Next Post

Ќучук: Враќањето на ветото за Северна Македонија би било огромна грешка

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk