ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Брегзит без значителни промени за камионските превозници, во воздухоплството нови спогодби

Промени и проблеми за превозниците не очекуваат и од Министерството за транспорт и врски, со оглед дека во делот на патниот сообраќај нашата држава нема склучено спогодба за превоз и тој се одвива како слободен превоз.

February 6, 2020 08:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија нема да предизвика проблеми за домашните превозници во патниот товарен сообраќај, а ќе нема промени ниту во воздухопловниот превоз на патници во текот на транзицискиот период од 11 месеци и по неговото завршување. Со Велика Британија во делот на патниот сообраќај нашата држава нема склучено спогодба за превоз и тој се одвива како слободен превоз, додека во воздухопловниот во завршна фаза е подготовка на нови спогодби.

– Со излегувањето на Британија од Европска Унија како превозници сметаме дека нема да имаме одредени проблеми затоа што нашата држава не е членка на ЕУ и во овој период сите активности се регулираат врз основа на билатерални спогодби по разни основи, па и превозот целосно е либерализиран и се врши без употреба на меѓународни транспортни дозволи за сите три вида превози (билатерален, транзитен и превоз за и од трета земја), изјави за МИА Биљана Муратовска, претседателка на Асоцијацијата на камионски транспортери МАКАМ-ТРАНС.

Со самиот факт дека Британија не е членка на ЕУ, појаснува Муратовска, треба по автоматизам да стапи во сила одредбата од Спогодбата за асоцијација и стабилизација потпишана со ЕУ каде што се одредува дека за македонските превозници не се потребни транзитни дозволи доколку превезуваат стока од земја што не е членка на ЕУ и истовара во друга земја што не е членка на ЕУ. Ова значи дека останатите 27 членки на ЕУ не треба да бараат меѓународни дозволи за транзитен превоз низ територијата на ЕУ.

– Тоа особено треба да се потенцира и да се бара да се почитува од страна на Франција и Белгија, кои во изминатиот период вон сите правила за транзитен превоз од држави различни од матичната држава, кога превезуваа стока за Англија бараа т.н. дозволи за и од трета земја иако се работи за транзитен превоз. Нашите надлежни органи треба да достават официјални дописи и да бараат да се почитува ова стекнато право како што тоа го направија и Германија и Австрија со вметнување одредби во потпишан Протокол од средби на мешовита комисија, препорачува Муратовска.

Промени и проблеми за превозниците не очекуваат и од Министерството за транспорт и врски, со оглед дека во делот на патниот сообраќај нашата држава нема склучено спогодба за превоз и тој се одвива како слободен превоз.

– Во финална фаза е подготовка на нови спогодби за воздушен превоз на патници со Велика Британија. Се очекува набрзо тимови од двете држави првин да потпишат меморандум, а потоа и спогодбите. Дотогаш нема никакви пречки за одвивање на воздушниот сообраќај меѓу двете држави, истакнуваат за МИА од ресорното Министерство.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) појаснуваат дека официјалниот излез на Велика Британија од Европската Унија нема да донесе импликации во насока на евентуални промени во домашниот воздухопловен сектор.

– Ваквата состојба ќе остане непроменета главно поради самиот договор за Брегзит, кој предвидува транзициски период, односно т.н. период за имплементација каде што статусот на Велика Британија во Унијата останува ист до 31 декември 2020 година, па така не постои нарушување на досегашниот режим на летање на линиите помеѓу Република Северна Македонија и Велика Британија регулирани со договорот за Европска заедничка воздухопловна област, кој останува апликативен. Во моментот сообраќајот помеѓу овие две земји се врши од страна на авиопревозникот Виз ер, како еден од превозниците на Унијата (т.н. ЕУ или ЕЗВО-авиопревозник) и не постојат никакви пречки за понатамошно одвивање на сообраќајот како и досега, велат за МИА од АЦВ.

Што се однесува до состојбата по истекот на транзицискиот период, а земајќи ги предвид подготовките што Велика Британија ги презема во насока на билатералните односи со државите каде што има интенција да врши воздушен сообраќај, не се очекуваат значителни промени и по истекот на транзицискиот период во поглед на сообраќајот помеѓу Република Северна Македонија и Велика Британија, потенцираат од АЦВ.

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ сообраќа двапати неделно на директната линија Скопје – Лондон.

Next Post

Да се намали даночната стапка на сметководствените услуги, бара Комората на сметководители

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk