ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Рисимкин со „Леди Магбет“ во програмата на Верона фестивалот во Италија

February 3, 2023 11:08
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската балерина и кореограф Рисима Рисимкин, од 24 до 31 август, со танчерите на Скопје танцовиот театар ќе гостуваат на сцената на Фестивалот на Шекспир во Верона, Италија, како дел од Шекспир фринге програмата. Фестивалот е формиран во 1948 година и годинава ќе полни 75 години постоење.

„Многу сум благодарна што мојата работа како уметник е препознаена од уметничкото раководство на фестивалот и секако, возбудена од помислата дека ќе гостуваме  во овој извонреден град и фестивал со голема традиција. За мене, женските ликови во драмите на Шекспир, се особено интересна тема и  предизвик ми е да истражувам и создавам во тој контекст, врз кој се базира креацијата на претставата „Леди Магбет (Квартетот)“. Темава е актуелна и во контекст на времево во кое живееме и сакам да повлечам паралели помеѓу безвременото творештво на Шекспир и современите аспекти на темите кои тој ги опфаќа“, изјави Рисимкин.

Скопје танцовиот театар изминативе години имаа настапи во Њујорк, Париз, Пекинг, Хаг, Амстердам.

„Скопје танцовиот театар е лабораторија во која произведуваме одличен уметнички производ. Младите танчери и кореографи кои компанијата ги изнедрува се прекрасни уметници и веќе ја освојуваат интернационалната сцена.  Адријана Данчевска, која е дел од првиот состав на компанијата, во дует со Дејан Битровски, настапи во ноември 2022 година на 26-от по ред Фестивал на кореографски минијатури во Белград, каде, за својата кореографија „Не ми ги допирај очите“,  ја освои Првата награда на фестивалот, како и Наградата од публиката. Искрено се надевам дека покрај светското препознавање на квалитетот, Скопје танцовиот театар ќе биде вистински препознаен и дома“, додаде Рисимкин.

 

Tags: ВеронаЛеди МагбетРисима Рисимкин
Next Post

Јавен повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби во Општина Центар

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk